НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: По изборите во Бугарија Брисел се надева на договор меѓу Скопје и Софија

0
By Нова ТВ on April 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширувањето, Ана Писонеро, вели дека Брисел „ги охрабрува и Бугарија и Северна Македонија да изнајдат заеднички прифатливо решение за тековните билатерални прашања.

-Со нетрпение очекуваме да се одржи првата Меѓувладина конференција што е можно поскоро, додаде Писонеро во изјава за МИА.

Од Европската Комисија за МИА не сакаат да влегуваат во детали околу политичката ситуација во Бугарија после изборите што се одржаа во неделата, но се надеваат дека Скопје и Софија ќе постигнат компромис.

Северна Македонија е блокирана во Советот на ЕУ за усвојувањето на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ поради неразрешениот спор со Бугарија.

Дипломатите во Брисел како и политичарите во Северна Македонија сметаа дека по изборите би можело да има поместување во позициите меѓу двете земји во насока на изнаоѓање компромисно решение, но од Софија пристигнуваат изјави дека изборите ништо не менуваат во ставот на Бугарија по однос на ова прашање.

Минатата година Северна Македонија, но и целиот регион, се најдоа блокирани во Советот на ЕУ поради неможноста да се постигне компромис за вокабуларот во редовните декемвриски заклучоци на ЕУ за проширувањето, пред сѐ во однос на една реченица поврзана за „погрешното толкување на историјата”.

Северна Македонија во мај треба да го одржи и редовниот состанок за Стабилизација и асоцијација, кој требаше да се одржи во февруари, но беше одложен, во голем дел поради тоа што немаше напредок во разговорите со Софија. Според нацрт агендата Советот за стабилизација и асоцијација е закажан за 12 мај, со него би требало да претседава премиерот Зоран Заев од македонска страна, иако за сега оваа информација не е потврдена официјално.

Државниот врв во Северна Македонија нагласи дека сѐ уште се надева дека првата Меѓувладина конференција би можела да се закаже пред крајот на португалското претседателство, односно пред први јули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.