НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Заеднички да градиме нови генерации со интеркултурни вредности и недискриминација

0
By Нова ТВ on April 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пристапот до квалитетно образование за секое дете е врвен приоритет на Министерството за образование и наука и на Владата. Затоа со новата концепција за основно образование создаваме „ново училиште“ во кое главни столбови се подобрувањето на меѓуетничката интеграција, заштитата од дискриминација и инклузијата со цел унапредување на образованието на помалите етнички заедници, соопшти Министерството за образование и наука.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, честитајќи го 8 Април, Светски ден на Ромите и 50-годишнината од одржувањето на првиот Ромски конгрес во 1971 година, вели дека со новите наставни програми, кои се во подготовка, целта е да се изградат нови генерации кои ќе растат со меѓусебно почитување, толеранција и почитување на различностите во општеството.

– За поддршка на основно образование на децата Роми согласно Законот за основното образование обезбедени се медијатори и средства во Буџетот на МОН за 2021 година од шест милиони денари за ангажирање на 35 образовни медијатори кои делуваат во 26 општини во државата. Тие им помагаат на децата во образовниот процес, но исто така работат и на подобрување на пристапот до училишта и намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес, преку средби со родителите, стручните соработници и наставниците, посочува министерката Царовска.

Со поддршка на МОН се реализира новиот проект „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование”, финансиран од ЕУ Делегација, а кој го спроведува ФООМ заедно со своите партнери: Здружението „Центар за образовна поддршка Дендо вас” и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”. Во рамки на овој проект, обезбедени се 638 стипендии за прво и второ одделение за ученици Роми, чии родители се приматели на социјална помош, од кои 300 стипендии од прво одделение и 338 стипендии за второ одделение. Учениците од трето до деветто одделение, во моментот 2200 ученици од шест општини и 13 основни училишта, имаат можност да го негуваат својот мајчин јазик и да ја изучуваат својата култура преку изборниот предмет јазик и култура на Ромите, информираат од Министерството.

– Го зголемивме бројот на стипендии за учениците средношколци за оваа учебна година. Вкупно 891 стипендија за средношколци Роми од јавните и приватните училишта за оваа учебна година се доделени во пет категории, согласно успехот на ученикот. Воедно, зголемен е и трендот на запишување на учениците Роми на високообразовните установи, споредено со последните три години, од 42 отсто на 48 отсто, нагласува Царовска.

Во насока на обезбедување инклузивност на образовниот систем донесена е концепција за инклузивно образование, во која е уреден начинот и постапката за вклучување на деца кои се надвор од образовниот систем. Со подзаконски акти, корисници на гарантирана минимална помош ослободени се од трошоци за признавање на свидетелство. Oбезбедено е туторство на ученици од основното образование, се овозможува запишување во соодветното одделение на основно образование на деца кои не биле вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница и прилагодени се наставните програми за олеснување на овој процес.

Во новиот Закон за основно образование, процесот за меѓуетничката интеграција во образованието е уште повеќе зајакнат преку посебно подрачје – Унапредување на мултикултурализмот/интеркултурализмот и меѓуетничката интеграција каде е предвидено формирањето на Тим за училишна интеграција. Во 95 отсто од основните училишта веќе се формирани такви тимови. Во учебната 2019/2020 година Министерството за образование додели 95 грантови за меѓуетничка интеграција до 30.000 денари, за 70 основни и 25 средни училишта, а во учебната 2020/2021 година на 70 основни и 24 средни училишта, стои во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.