НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случајот за смртта на Божиновски ќе го истражува и ДЗСИ

0
By Нова ТВ on April 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истрагата да покаже каде е пропустот за да видиме каде да го зајакнеме системот за итен транспорт на пациенти. Битно е да се расчисти докрај што точно се случило и да научиме од ова што треба да направиме за другпат да не ни се случуваат вакви работи, рече министерот за здравство Венко Филипче за ненавремената помош и транспорт до болница на Златко Божиновски, овчар од Кратовско.

Во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 министерот рече дека лекарот што бил на терен и ја проценил ситуацијата, направил се што треба, го контактирал надлежниот директор на Здравствениот дом, но треба, рече, да се истражи останатиот дел каде затаила комнуникацијата меѓу институциите.

Посочи дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) ќе истражи што точно се случило зашто, како што рече, има на располагање хеликопотери од полицијата и од војската.

– Нека заврши истрагата, зашто во оваа итна служба многу вложивме во минатиот период, и во опрема, и во луѓе, истакна Филипче.

Во однос на проблемите со недостиг на кадар и амбулантни возила на Итната медицинска помош, министерот посочи дека во финална фаза се согласности за нови вработувања и се работи интензивно повеќе од две-три години на зајакнуваање на оваа служба.

Рече дека во Скопје затекнале 12 возила, а сега има 24 и додаде дека со измена на Законот за здравствена заштита услов за специјализација на сите млади лекари со лиценца е да поминат шест месеци и за тоа да бидат платени. За да научат, рече, како се работи на терен – во Итната медицинска помош на вакциналните пунктови и во патронажните тимови. Лани биле ангажирани 150, а оваа година 80 се на располагање во здравствените домови за помош во сите овие сервиси.

извор:независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.