НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Ќе има доза за сите, важно е да се вакцинираме масовно

0
By Нова ТВ on April 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакцинацијата на сите пунктови во државата и во А1 Арената – СЦ „Борис Трајковски“ се одвива одлично. Досега се вакцинирани 18 261 граѓанин, соопшти на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Според приоритетот следната недела ќе се вакцинираат вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници.

Направивме сè за да обезбедиме вакцини, системот е добро поставен – планот е да се имунизираат меѓу 7000 и 10 000 лица дневно, истакна ресорниот министер.

Во вакциналните пунктови во здравствените установи тече вакцинацијата на возрасни граѓани над 76 години, а во спортската сала се вакцинираат здравствени работници и припадници на т.н. критична инфраструктура.

Филипче ги повика верските лидери да упатат апел – граѓаните да седат дома за празниците.

– Многу е важно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме. Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците – да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Денеска поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, во изјава за ТВ21 ги повика муслиманските верници да не бидат скептични и да се вакцинираат иако им претстои месецот на рамазански пости, бидејќи како што посочува со имунизацијата не се нарушува постот.

„Вакцината не е витаминска и не е хранлива, не продира преку грлото и желудникот, затоа без трошка сомнеж вакцината треба да се прими според барањата на надлежните институции и без трошка сомнеж дека вакцинацијата не го нарушува постот во деновите на месец Рамазан. Доколку евентуално во моментот на вакцинирање се случи некое мало влошување кое може да биде нормално, тогаш во консултација со специјалисти по медицина можете да го прекршите постот и нема никаква казна за тоа, само потоа се пости ден за ден.“, вели Фетаху.

Вчера и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев се сретна со поглаварите на верските заедници.

Заедно излегоа со став дека мерките треба да се почитуваат и граѓаните да се пријават за вакцинација.

– Почитувањето на мерките, ќе зависи и како граѓаните ќе ги поминат претстојните празници: Велигден и Рамазан Бајрам, а јасно е дека постои желба кај сите за одбележување на големите верски празници во мир и спокој и заедно со најблиските во семејството, беше порачано на средбата.

Министерот за здравство, Венко Филипче во гостување на Канал 5 рече дека обвинувањата на опозицијата за справувањето со кризата не се издржани. Потенцираше дека членови на ВМРО-ДПМНЕ шират антивакцинална кампања.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.