– МВР нема потреба за софтверот купен од Рашковски, бидејќи сметаше дека користењето на „сејф сити“ системот за сообраќајни прекршоци е спротивен на законската заштита на лични податоци. „Сејф сити“ се користи само при кривични истраги, па поради тоа немаше одлука за набавка, ниту потреба од софтверот смислен и купен од ист човек, поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, изјавил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред обвинителката Вилма Русковска повикан во својство на светок, пренесува Телма, од каде велат дека информацијата им ја потврдиле од Обвинителството за органзиран криминал и корупција.
Според информациите за истиот случај изказ бил повикан да даде и поранешниот технички министер Наке Чулев
Ексминистерот Чулев пред Обвинителството кажал дека во текот на неговиот мандат немал информации за набавката на софтверот на Рашковски.
Според Телма, Рашковски кој сега има секретарско место во кабинетот на премиерот Заев не е повикан на распит, но редовно оди на работа откако се врати од одморот во Мексико. Покана за распит засега нема ниту сопственикот на фимрата „Инвока гроуп“, во чии простории вчера беше извршен претрес.