На шестмината осомничени кои паднаа во акцијата на МВР што ја спроведуваше со американската ДЕА, а во која беше запленета голема количина дрога вредна над 800 илјади евра, судот на барање на обвинителството за организиран криминал им одреди мерка притвор.
Според информации од Обвинителството, судија на претходна постапка им одредил притвор од по 30 дена.
Лицата се обвинети за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” – кривично дело кое е предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик“.
Од Обвинителството велат дека оваа акција е спроведена по повеќемесечна постапка, координирана и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.