Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, истакна дека по денешната средба со премиерот Зоран Заев постигнат е напредок во преговорите и како што посочи за неколку дена би можело да се дојде до заедничко решение за законот за добивање на државјанство.
Како што посочи, за него и за лидерот на партијата Алијанса за Албанците, средбата е позитивна.
„Ние сме оптимисти дека за неколку дена можеме да дојдеме до еден заеднички текст и решенија кои би довеле до завршување или окончување на проблемот со законот за државјанство. И ние и власта се базираме на стандарди кои се применуваат во најразвиените европски држави“, рече Гаши.
Според Гаши околу 3.200 граѓани ќе почекаат до петок да видат дали ќе добијат државјанство и ги повикаа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица уште денеска да ги повлечат амандманите на Законот за државјанство, а за возврат албанската опозиција ќе ги повлече амандманите на петтиот антикризен пакет мерки.