Лидерите на Алијанса за Албаците, Зијадин Села, оцени дека по денешната средба со премиерот Зоран Заев тие се надобар пат за да се изнајде решение за проблем стар три децении, односно да се реши статусот на лицата кои живеат без документи во оваа држава.
– Овој закон го предложивме заради демократски напредок на државата, затоа што ќе нѐ одведе чекор напред кон демократските и цивилизирани држави кон кои тежиме со аспирациите за членство во ЕУ, а не кон тоталитарните, истакна Села по средбата со Заев.
Тој додаде декадоколку не се постигнеше договор, земјата ќе биде ставена на листата на држави кои не ги почитуваат основни човекови права, но и дополнително ќе се искомплицираше и онака веќе комплицираниот статус на блокираното Собрание, додавајќи дека тој секогаш истакнувал дека е подготвен за дијалог како за овој така и за сите други законски решенија.