Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, соопшти дека владината прес служба во насока на транспарентноста во однос на податоците од интерес на јавноста денеска ќе ги соопшти деталите за сите лица кои биле ангажирани хонорарно од Владата и кои се причините за ваквите ангажмани.
-Владата е како кабинет, асистент на сите други ресори. Многу често ни требаат хонорарни ангажмани, од осветлување, до озвучување, до подготовка на прес-конференции, до соопштување на важни работи за јавноста за граѓаните, токму преку вас медиумите, за одредени други времени активности, за кои што немаат никаква потреба трајна да бидат згрижени, а се нафатиле граѓани од својата професија да бидат ангажирани во делот на Владата, истакна Заев.
Тој напомена дека денеска ќе бидат соопштени сите детали за оние кои биле хонорарно ангажирани од вакви причини.
– Како што знаете, сите советници се знаат во мојот кабинет, се знаат транспарентно сите податоци, посебно кои сте ги барале вие новинарите, а се во интерес на граѓаните. Никој пат не сме криеле и ова ќе го објавиме во сите детали, истакна македонскиот премиер.