Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Пет години по „Шарената револуција“ спроведуваме политики доследни на заложбите

0
By Нова ТВ on April 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 12, 2021 15:55

По пет години од почетокот на едно од најважните граѓански движења за демократија и правда, „Шарената револуција“,владините политики останаа доследни во почитувањето на барањата и заложбите, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Според него „Шарена револуција“ предизвика огромни промени во македонската политичка и општествена реалност. Процеси кои потоа поминаа низ институционалната рамка откако претходеа реформи во правосудството, во изборниот законик, во медиумите и во јавната администрација.

– Таа беше јасниот и гласен изблик на граѓаните дека никој не може да им ја одземе слободата и да ги зароби општеството и државата и дека тие знаат да застанат во одбрана на овие вредности и да се спротивстават на брутален режим, додава Заев.

Тој пишува дека со јасно изразена политичка волја и низ реформите на правосудството беа поништени аболициите како спротивни на домашното право и кои беа извор на правна несигурност и на големо незадоволство кај граѓаните. Со нивното поништување воспоставена е нарушената правна рамнотежа.

– Прочистувањето е финалето на длабоките и суштински реформи во правосудството, а моделот за овој процес го подготвија и спроведуваат претставници на Судскиот совет, на Советот на јавни обвинители и со тоа му го дадоа потребниот кредибилитет на процесот и кој се спроведува вон допирот на политиката. Стигнавме до тука после тешка битка со противниците на правдата. Некои од нив останаа на браникот на криминалот – го гледаме тоа и ден денеска. Затоа беа против Законот за јавно обвинителство, вели претседателот на македонската Влада.

Додава дека како резултат на тој закон, предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници. Наведува дека високи функционери, министри, веќе издржуваат затворски казни за тешки кривични дела. Од страна на Судскиот совет, истакнува, покренати се 80-тина предмети, а 9 судии се разрешени.

– Граѓаните здружени во #ШаренаРеволуција бараа ослободени институции и отворени институции и денеска никој не може да порекне дека оваа заложба не е остварена. Граѓаните денес се гласни и со конкретни критички ставови, а покрај себе имаат власт која е отворена за граѓанскиот глас, слуша и знае да се поправа. Тоа е резултат на демократската промена во чие остварување сериозен удел имаше и „Шарената револуција“, а граѓаните треба да се горди што Северна Македонија напредува на полето на демократијата и слободата. Авторското право на „Шарената револуција“ им припаѓа на сите граѓани и нејзината идеја и суштина треба да се пренесува од генерација во генерација. Пораката на ова граѓанско движење е жива и таква треба да остане засекогаш – никогаш да не се повтори една партиска „врхушка“ да им ги одземе на граѓаните слободата и општеството и правото на слободно изразување и критичка мисла, пишува Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.