НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува рамазанскиот пост

0
By Нова ТВ on April 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 12 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 13 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.

Во пресрет на рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху,
им порача на верниците да го искористат овој период за зајакнување на свесноста за Бога, моралот, трпеливоста, жртвеноста, мирот, толеранцијата и хуманизмот, за очистување на мислите, срцата и душите и за дарежливост и солидарност со сиромашните.
Тој упати апел да се почитуваат препораките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.
– Овој Рамазан исто така повторно не наоѓа во вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19, така што нашето високо ниво на грижа и дисциплина да ги почитуваме сите мерки со цел да се заштитиме од оваа болест, ќе бидат наша вредност на овој месец, со што ќе дадеме придонес за надминување на оваа состојба. Затоа, нека овој месец биде жива инспирација за подигнување на нашата свест за излегување од оваа тешка здравствена состојба.
Почитувани верници! Дозволете ми во име на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, нејзините органи и институции, како и од мое лично име, да Ви ги изразам моите срдечни честитки, молејќи му се на Семоќниот Алах да ви даде целосно здравје и волја, непоколебливо верување, висока свест, многубројни ибадети, лесен и примен пост. За хајр мубарек Рамазан и Алах да Ве благослови!, порача Фетаху.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.