Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцина против Ковид-19 досега примиле над 26.000 граѓани, расте интересот за вакцинирање

0
By Нова ТВ on April 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 13, 2021 08:56

Вакцина против Ковид-19 досега примиле 26.014 граѓани, стои на онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација. На веб страницата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавиле 154 248 граѓани.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека вакцинацијата во државата се одвива добро, околу 25 000 граѓани се вакцинирани во салата „Борис Трајковски“, а денеска, како што посочи, завршува вакцинација на вработените во критичната инфраструктура, согласно националниот план.

-Од среда, останатиот дел од 20 000 вакцини на „Спутник“, ќе бидат распределени по возрасни групи, рече Филипче.

Тој посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини на „Спутник“ од денеска ќе се одвива исто како што се одвива вакцинацијата од почетокот со вакцината на „Астра Зенека“ по вакциналните пунктови. Министерот Филипче упати апел до сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација „vakcinacija.mk“, со цел сите податоци на пријавените граѓани влезат во системот „Мој Термин“ и на тој начин да бидат регрутирани.

-Освен овој систем, кој исто така важи е и преку пријавување кај матичните лекари, кои имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти, посебно постарите, кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува по возрасните категории, како ќе доаѓаат понатаму вакцини, ќе се надополнуваат двата системи, додаде Филипче.

Приоритет имаат постарите граѓани, но продолжуваат и во делот на критичната инфраструктура.

Вакцинирани се целосно сите кои имаат најголем ризик и кои практично учествуваат во менаџирање на кризата од почеток, припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата, односно наставнички од прво до трето одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и воспитувачлите, понатаму праводуството, денеска е групата на вработени во Собрание, во техничките служби, а го очекува и интересот од страна на претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците.

Вчера во салата „Борис Трајковски“ се вакцинираа околу 600 новинари, и тоа тие од критичната група над 40 години и луѓе кои се со хронични болести. Вакцинацијата беше организирана во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство.

Младен Чадиковски од Здружени на новинарите на Мекедонија (ЗНМ) посочи дека се надева оти во следната фаза ќе се вакцинираат и останатите медиумски работници.

Прашан дали бремените жени ќе се вакцинираат, министерот Филипче рече оти сите препораки треба да дојдат од стручниот тим што работи на вакви анализи.

-Сите препораки ќе дојдат од стручниот тим кој што ги работи анализите врз основа на публикација, ако има некоја категорија на граѓани да бидат внимателни, тогаш ќе има таква препорака односно ќе бидат приоретизирани, посебно на една ваква осетлива категорија, а овие денес вакцини кои што ќе дојдат, ќе бидат додадени на сегашниот систем на вакцинирање на граѓаните по возраст, рече Филипче.

Тој појасни дека хронично болните ќе се вакцинираат согласно возрасната група, затоа што има навистина голема бројка и во таа смисла приоритетот се дава според возраста.

-Во секоја возрасна категорија, од 50 години нагоре, па секои пет следни, огромна е бројката на пациенти со хронични заболувања, така да сега продолжуваме по возраст и соодветно по доаѓањето на вакцините ќе се намалува возраста, рече министерот.

За тоа кога ќе се очекува да се вакцинираат работници во маркетите, но и таксистите, Филипче рече дека апсолутно го сфаќа интересот за вакцинирање, но испрати апел сите да бидат трпеливи.

Соопшти дека вчера на состанок на Кризниот штаб како предлог е прифатено да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници ќе им се ограничи наплатата на финансиски средства за време на кризата што се однесуваат на лекување ковид пациенти. Ваквиот предлог денеска ќе биде поднесен до Владата.

Во врска со нови пратки вакцини, министерот синоќа на својот фејсбук профил напиша дека денеска на негово барање се сретнал со кинескиот амбасадор во државава, Џанг Ѕуо со кого разговарале за испораката на вакцините од производителот „Синофарм“, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини, кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да стигнат до крај на месецов.

Во меѓувреме, Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (Гави), како што јави дописникот на МИА од Белград, соопшти дека Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово преку Ковакс системот во периодот од април до јуни треба да добијат по 100.620 дози од вакцината на „Фајзер“.

Како што пренесува Радио Слободна Европа, земјите од Западен Балкан првите дози на вакцини против коронавирус преку системот Ковакс ги добија во средината на март. Северна Македонија доби 24.000 вакцини на „Астра Зенека“.

Филипче на својот ФБ профил напиша дека 2000 кинески вакцини од производителот „Синофарм“ вчера пристигнале на аеродомот во Софија и се очекува од таму да бидат транспортирани во земјава. Станува збор за донација од Обединетите Арапски Емирати.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се нови 193 случаи со Ковид-19, 34 починати и 1014 оздравени пациенти.

Вкупно 1735 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во државава од кои 726 во Скопје.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 142034, бројот на оздравени пациенти е 117794, на починати е 4262. Вкупниот број активни случаи во државава изнесува 19978 од кои 9324 се во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.