Укинување на притворот за случајот „Таргет – тврдина“ кој истекува на 27 април, и одредување нов по пресудата за „Трезор“ побара Јавниот обвинител Трајче Пеливанов за Сашо Мијалков за кого рече дека е моќен човек кој има големо влијание и дека се јавува потребата од обезбедување мерка за негово присуство поради можност од бегство.
Во образложението Пеливанов рече дека преку Европол се потврдени податоците дека Мијалков има дозвола за престој во Прага, но и дека поседува две возила регистрирани на негово име.
– Судот треба да го цени фактот дека Мијалков е лице кое е добро ситуиран и дека тој и неговото семејство поседуваат приватни бизниси што создава финансиска можност за организирање логистика и комотно живеење во бегство – рече Пеливанов.