Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанша: Не постои таен договор за прекројување на границите на Западен Балкан

0
By Нова ТВ on April 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 13, 2021 15:38

Портпаролот на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, изјави дека не можат да потврдат постоење на нон-пејпер предаден од страна на словенечкиот премиер, Јанез Јанша како што јавија повеќе медиуми во регионот, а со кој се предвидува прекројување на границите на Западен Балкан односно за конечно заокружување на распадот на Југославија.

„Не можам да потврдам дека го добивме тој нон-пејпер, кусо одговори портпаролот на Мишел иако неколку часа претходно од прес-службите на Мишел стигна потврда за постоењето на нон-пејперот.

Претходно и портпаролот на Европската Комисија, Петер Стано, рече дека не се запознати со ваквиот документ и затоа не сака да ја коментира содржината за која слушнал како што рече од медиумските извештаи.

Наводите за содржината во овој фантомски нон-пејпер за „финализирање на распадот на поранешна Југославија“ се неверојатни – наводно во него станувало збор за мирна поделба на Босна и Херцеговина, но и на Македонија, Косово и Црна Гора.

Јанша ја демантираше оваа информација, а европратеничката од Словенија, Тања Фајон, изјави дека стратегијата на словенечкиот премиер може да доведе до „нова војна на Балканот“.

Словенија во втората половина од годинава треба да го преземе претседателство со ЕУ.

Босанските медиуми објавија дека поради овој наводен нон-пејпер била повикана амбасадорката Зорица Букинац.

Весникот 24ur.com од Словенија повикувајќи се на свои извори објави дека постои голема можност овој таен документ да постои, но дека е испратен целосно надвор од утврдените дипломатски канали.

– Нашите извори тврдат дека документот се однесува и на враќање во земјата на поранешниот премиер на Северна Македонија Никола Груевски“, пишува словенечката веб-страница.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.