НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието разгледува петгодишна Национална стратегија за спречување на корупција

0
By Нова ТВ on April 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието ја започна расправата за Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

На расправата претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска посочи дека корупцијата ја поткопува довербата во институциите на системот и ефикасното користење на јавните ресурси и претставува закана за демократијата и остварувањето на човековите права, а нејзините негативни ефекти се огромни.

Петгодишната Национална стратегија што ја изработи ДКСК, како што рече во обраќањето пред пратениците, е прв документ од областа на борбата против корупцијата што се усвојува на највисоко ниво, односно во Собранието и во него се детектирани 12 секторски приоритетни проблеми меѓу кои правосудството, медиумите, вработувањето во јавниот сектор, процесот на јавни набавки, спроведувањето на надлежностите во јавниот сектор…

-Усвојувањето на стратегијата од страна на Собранието ја потврдува сериозноста на проблемот со корупцијата и потребата од вклучување на сите засегнати страни. Успешната антикорупциска политика е дел и од процесот на евроинтеграции, а стратегијата е темел за унапредување на законската рамка и преземање на реформски активности, истакна Ивановска.

Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор посочи дека стратегијата е солиден и сеопфатен документ, но, како што рече, ќе создаде само визија доколку не се пристапи кон санкционирање. Контролни и надлежни механизми за спречување на корупцијата во државата има, додаде, но воопшто не се применуваат.

Нејзиниот сопартиец Владо Мисајловски порача дека е најважна имплементацијата на стратегијата и истакна дека доколку власта сака тоа да биде успешно треба да се откаже од се што било лошо во изминатиот период.

Пратеникот Павле Трајанов од ДС во реплика побара да се формира Агенција за борба против тешката корупција и во изборот на нејзиниот директор власта да нема никако влијание и таа да ги покрива сите јавни набавки над 5.000 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.