Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јужноафрикански и бразилски сој на корона кај нас нема, британскиот е потврден кај повеќе од 97% од случаите

0
By Нова ТВ on April 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 13, 2021 17:22

Во Македонија засега нема присуство на бразилски и јужноафрикански сој на вирусот СарсКов 2, ова за Нова го потврдија од МАНУ, каде во Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија се врши скенирање и присуство на варијанти на вирусот Ковид 19. Анализите на МАНУ покажале дека доминатен сој кај нас е британскиот.

„МАНУ направи скенирање на 225 пациенти на присуство на варијанти, во период од 27 март до 5 април 2021 година и утврдено е дека во Македонија доминатен е британскиот сој на вирусот, со повеќе од 97% застапеност, што најверојатно е една од причина за драстично зголемување на бројот на новозаразени, како и оптоварување на здравствениот систем во последниот бран“ се вели во одговорот од МАНУ за НОВА.

Појавата на нови соеви на корона вирусот не се нешто неочекувано, а вакцините се единствениот спас од тоа, вели за НОВА, претседателката на Комитетот за имунизација, професорката Александра Грозданова.

-Очекувани се мутации на постоечките вируси, засега податоците што ги имаме ветуваат дека постоечките вакцини ќе обезбедат заштита и кон новите варијанти на вирусот СарсКов2 – вели проф. д-р Александра Грозданова за НОВА.

Според последните анализи на Институтот за јавно здравје,во последните 7 дена регистрирани сe 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 13,4% во однос на минатата недела.

Од друга страна, останува притисокот врз болниците велат од Министерството за здравство. Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, информираше дека на утринскиот состанок со директорите на Клиниките размениле информации за состојбите во болниците.

„Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци. Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран“ информираше Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.