Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Со концептот Отворено владино партнерство од заробена држава прераснавме во отворен и прогресивен пример

0
By Нова ТВ on April 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 13, 2021 18:40

-Промовирање на транспарентност, поддршка на граѓанското учество, борба против корупцијата и искористувањето на новите технологии во јавната администрација се основните цели на Владата со спроведување на концептот Отворено владино партнерство кој придонесе земјата да се трансформира од заробена држава во отворен и прогресивен пример истакна премиерот Зоран Заев при денешната презентација на ОВП пред генералниот директор од канцеларијата во Њујорк, Санџај Прадхан.

– Република Северна Македонија е дел од иницијативата Отворено владино партнерство од самиот почеток во 2011 година, заедно со граѓанскиот и бизнис сектор. Десет години подоцна земјата има само придобивки од учеството во овој процес. Креирани се четири национални акциски планови. Во моментов, сме во фаза на креирање на петтиот акциски план, кој треба да го опфати периодот од 2021 до 2023 година. Имаме спроведено над 50 мерки и активности кои водат во поголема отвореност на работата на Владата. Мерките директно влијаат врз остварување на правата на граѓаните и го подобруваат нивниот статус, рече Заев на отворената седница.

Тој потенцира дека од особено значење е што во заложбите за Отворено владино партнерство е вметнат и локалниот елемент, потоа Собранието, познато по иницијативата Отворен Парламент и Судската власт или Отворено судство.

-Ние сме меѓу првите држави, кои го проширија опфатот со заложби речиси кон сите институции. Со ова покажуваме дека отвореноста и транспарентноста се главни стожери на работата на оваа Влада. За тоа ќе се залагаме и во идните акциски планови. Владата успеа преку концептот на транспарентност, отвореност и отчетност да ги доближи институциите до граѓаните. Тие се вклучени во процесите за креирање на сите владини политики, единствен начин да имаме политики, закони, стратегии кои одговараат на интересите и на потребите на сите граѓани, истакна Заев

Тој потенцира дека овој концепт многу придонел земјата да се трансформира од заробена држава, во отворен и прогресивен пример не само на Балканот, туку и ширум светот.

-Овие принципи го трасираа патот на реформите и начинот на којшто оваа Влада ја практикува власта. Тоа значи дека постои силна политичка волја за воведување реформи коишто континуирано ги отвораат институциите и ги трансформираат во вистински сервис за граѓаните, рече Заев.

Според премиерот, Владата со граѓанското општество и бизнис секторот е рамноправен партнер и покажала посветеност во унапредување на сите столбови и процеси кои се дел од заедничките заложби.

-Еден од најбитните процеси за земјата и Владата како една од клучните активности е секако воспоставување на посебен и функционален веб-портал наменет за информирање, вклучување и следење на имплементацијата на акциските планови на земјата, подигнувањето на квалитетот на управување, квалитетни услуги за граѓаните преку транспарентно, инклузивно и одговорно работење е одлика на оваа наша Влада. Во таа насока е и воведувањето на многу нови алатки во изминатите години кои водат кон унапредување на транспарентноста, одговорноста, отчетноста и инклузивноста на сите актери во општеството, како што е и овој посебен портал, рече Заев.

Тој го спомна и моделот на обврска за претходно јавно објавување на договорот со операторот по завршена јавна набавка, а пред да почне да се реализира.

-Тоа заштедува стотици милиони евра во државава. Има контрола од Антикорупциска комисија дури и за оние одлуки коишто важат за конфидејшн – секогаш сме под комплетен мониторинг на самиот наш систем, вели Заев.

Премиерот посочи дека преку промоцијата и поддршката на отвореното владино партнерство започнала и иницијативата Отворен трезор преку која се отвориле трезорските трансакции на национално и локално ниво, а Владата овозможиле поголем увид во трошењето.

-Алатката придонесува и кон намалување на корупцијата, но и заштеда на неефикасните трошења. Во тој контекст го креиравме и порталот за отворени податоци каде институциите во отворен формат ги објавуваат податоците кои се во интерес на медиумите, бизнис заедницата, граѓанските организации, но и на сите граѓани. Овие податоци понатаму може да се користат на најразлични анализи, планирања, развивање на нови бизнис идеи, нови сеопшти идеи во општеството и друго, рече Заев

Тој потенцира дека дигитализацијата и новите технологии овозможуваат брза и лесна комуникација со граѓаните и граѓанскиот сектор.

-Ниеден политичар повеќе нема оправдување дека немал доволно време или шанса да се консултира со заинтересираните страни. Тоа денеска е полесно од кога било. Ова е можност која ние ја користиме, а во иднина секако дека ќе ја користиме уште повеќе. Владиниот пристап за соработка со граѓанското општество е изразен и преку соработката со Фондацијата Отворено општество Македонија и другите граѓански организации кои со поддршка од Секретаријатот за отворено владино партнерство и МИОА го унапредуваат процесот за структурирано вклучување на граѓанските организации во ко-креацијата, развојот и мониторингот на новиот Национален акциски план 2021-2023 година, потенцира премиерот.

Преку оваа соработка со граѓанското општество координирана од Фондацијата беше воспоставен Советот за координација и следење на процесот на отворено владино партнерство што претставува прв модел на партнерство и еднаквост во одлучување во нашата држава.

Преку отворено владино партнерство Советот беше воспоставен, структуриран механизам за постојан дијалог меѓу властите и граѓанското општество. Во новиот Национален акциски план продолжуваме да се фокусираме на заложбите кои ќе водат кон унапредување на транспарентноста и отчетноста, борбата против корупцијата, достапност и квалитетот на јавните услуги и пристапот до права за граѓаните на РСМ.

Премиерот Заев нагласи дека сето тоа што го прави Владата е во интерес на граѓаните, на медиумите, на граѓанското општество, но и во интерес на бизнис заедницата затоа што, како што рече, одговорното, транспарентното и отчетното владеење е основен постулат на секоја владејачка структура.

-Со ова ние ги поставуваме стандардите на владеење и стандардите на политичко однесување, поточно градиме една нова политичка култура во Република Северна Македонија што ќе биде обврска за секоја следна владејачка гарнитура, заклучи премиерот Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.