Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Ако ја отвориме дебатата за граници, Балканот нема да има луѓе – граѓаните ќе заминат во Европа

0
By Нова ТВ on April 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 14, 2021 10:49

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во гостувањето во Утрински брифинг се осврна на шпекулациите дека словенечкиот премиер испратил нон-пејпер до претседателот на Европскиот совет, во кој наводно се предлага поделба на БиХ, Македонија, Косово и Црна Гора.

-Не е до крај јасна ситуацијата. Мислам дека од мене би било неодговорно да влезам во тој домен на шпекулации дали имало или немало нон пејпер од Јанша. Треба д а следиме тоа што официјално пред камера изјавуваат портпаролите во ЕК, портпаролот на европскиот Совет Мишел, самиот Јанша. Но мислам дека не смееме да бегаме од дебата и од изразување на јасна макадонска позиција по ова прашање, бидејќи се работи за пресериозна теза. Јас повеќе би сакал шпекулациите и наводите во медиумите ширум Балканот да ги искористиме да поразговараме за теза, бидејќи таа теза ќе излезе малку па пак ќе се врати. Беше актуелна во контекст на разговорите Приштина – Белград. Ние на Балканот имаме искуство, н така одамна, што се случува кога тезата дека не можете да живеете ако не сте опкружени само со луѓе како вас, од вашата етничка група, стане официјална и реална политика. Ние за жал сме регион каде крајот на минатиот век имаше многу злосторства, жртви, војна. Кога границите следат етнички линии тоа е пракса од времето на колонијализмот. Во Европа нема баш промена на граници. Последната во западна Европа е слободната Ирска држава има и со крајот на Втората светска војна. Ова што се слуичи со Чехословачка и Југославија, тоа се гранции кои што веќе беа воспоставени меѓу единките што ги создадоа тие држави. Целата ЕУ започнува како мировен проект и се темели на концептот на намалување на значењето на границите. Мислам дека било кој кој што малку се грижи за стабилност и иднината на Балканот би требало да верува во европската теза – ние треба границите да ги направиме што помалку видливи и релевантни , а не да се фокусираме на границите бидејќи тка нема да има крај, изјави во Утрински брифинг Никола Димитров, заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања.

-Брисел, Берлин, Париз и ставот на Вашингтон се многу важни. Мислам дека со сегашната администрација во Вашингтон ние ќе видиме еден континуитет на американската политика кон Балканот, кој што во контекст на претходното отворање на оваа тема, амбасадорот Џејмс Пердју во колумна ја образложи, цитирајќи еден од принципите на Охридскиот договор кој вели – Нема територијални решенија на етнички прашања. Дури има и цивилизациски пораз ако ние во 21 век во Европа на некој начин прифатиме дека не сме способни да живееме во различност и дека не сме способни да се грижиме за правата на различниот од нас. Многу е тешко да се нацртаат етнички линии. Секогаш ќе има нешто што ќе остане мултиетничко. Митот за големите држави постојат на Балканот. Берлин застана многу јасно дека иднината на Балканот мора да е европска и границите наместо да размилуваме дали ни се добро да ги направиме нерелевантни, невидливи, такви како што се европските. Берлинскиот процес продуцираше – заедничка економска зона, патување со лични карти, прифаќање на институциите н адругите држави за транспортот да оди побрзо, изјави Димитров.

-Ако ја отвориме дебатата за граници, Балканот нема да има луѓе. Додека разговараме за граници, граѓаните од Балканот ќе заминат во Европа, бидејќи нема да имаат трпение да чекаат европски живот да се обезбеди дома, вели Димитров.

Без разлика колку веруваме на мудроста, зрелоста, визијата на „големите“, наша задача е нашето гајлето секогаш сами да си го береме. Мисла дек ане сме во фаза кога решението за некое од отворените балкански проблеми ке дојде само од надвор. Скоро бев во Љубљана, немав срдба со премиерот Јанша, но има со претседателот Пахор и министерот за надворешни и таму не чув нешто вакво. Дебата беше дека е многу важно да иманапредок во ЕУ приказната, дек моментумот е поразнишан и дека првата меѓувладина конференција со нас ќе биде меѓу високите приоритети на словенечкото претседателство. Мислам дека е многу важно нашиот глас да се чуе секогаш кога ќе се отвори оваа тема, бидејќи ние живееме во овој регион и сме дел од него, рече Димитров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.