Досега во СЦ Борис Трајковски се вакцинирани речиси 30 илјади граѓани и зголемен интересот за вакцинација во земјава. Вакцинацијата продолжува со преостанатите дози на Спутник В, а спуштена е и границата за вацкинација на граѓаните на 76 и 75 гопдини со Астра Зенека, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Тој најави дека на 19 и 26 април, пристигнуваат уште по 10.000 дози од компанијата „Фајзер“, а Министерството за здравство е во преговори со АстраЗенека, кинеската и руската амбасада за набавка на нови количество од нивните вакцини.
„Од Фајзер на 19-ти и 26-ти април пристигнуваат по 10 илјади дози вакцини. Очекуваме информација од кинескиот амбасадор, од руската амбасада. Се очекува 76 илјади дози на АстраЗенека да стигнат до крајот на месецот. На сајтот вакцинација.мк речиси 140 илјади граѓани се пријавени. Верувам сликата ќе се менува како ќе доаѓаат вакцините“, рече Филипче.