НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќучук и Шидер: Бугарија и С. Македонија наместо кон историјата, да се свртат кон сегашноста и иднината

0
By Нова ТВ on April 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европратеникот Андреас Шидер предлага да се поканат еминентни странски историчари во заедничката комисија за да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓаат Северна Македонија и Бугарија околу историските прашања, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Имам сугестија за заедничката комисија доколку нејзината работа остане заглавена како сега. Можеби треба да поканиме двајца или тројца еминентни историчари од ЕУ кои немаат инволвираност во регионот, да помогнат да се стави прашањето во научна рамка – изјави Шидер на брифинг со новинари посветен на Северна Македонија.

За Шидер е неприфатлива блокадата за почетокот на преговори со Северна Македонија од страна на Бугарија. Тој нагласи дека најчесто политичарите ги користат идентитетските прашања за да ги прикријат слабостите за поважните прашања како образованието или вработеноста.

– Блокирањето на почетокот на преговорите е контрапродуктивно затоа што пристапувањето е алатката за решавање на проблемите. На Балканот како и секаде во светот политичарите подготвуваат идентитетски теми кога немаат одговор за основни прашања како вработеност, образованието, животниот стандард, и се плашам дека е ова вистината и за оваа дебата исто така – изјави Шидер за новинарите утрово.

Известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук, исто така повика да се стави фокусот на соработката и позитивните случувања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, наместо да се градат ѕидови. Тој наведе неколку примери на позитивна соработка како таа помеѓу МИА и бугарската новинска агенција, соработката меѓу универзитети во двете земји и ги повика новинарите да бидат дел од позитивниот наратив.

На прашање зошто не помина амандманот кој го осудуваше провокативниот говор од бугарска страна во извештајот за Северна Македонија, амандман во чија подготовка учествуваше и европратеникот Шидер, тој изјави дека се надевал дека тој ќе помине.

– Нашиот амандман беше тежок, затоа што се обидовме да ја критикуваме бугарската Влада, но не најдовме мнозинство, иако очекував. Но, сепак тоа ја обликуваше дебатата и тоа беше идејата на овој амандман, да има посилна критика од страна на Европскиот парламент, не да се додава масло на огинот – рече европратеникот и додаде дека дебатите за историјата не помагаат за создавање заедничка иднина.

Ќучук порача дека иако довербата помеѓу Софија и Скопје е скршена, сега треба да се врати фокусот на Договорот за пријателство и да се гради повторно изгубената доверба во име на идните генерации.

Шидер и Ќучук не се согласија за односот на ЕУ кон Северна Македонија и Западниот Балкан. Додека известувачот за Северна Македонија смета дека помошта за борба против ковид-19 и разговорите за регионот се на високо ниво, Шидер оцени дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел се покажа „несмасен“ во неговата работа, алудирајќи меѓу другото на скандалот со протоколот во Анкара, но и како одговор на молкот од страна на Мишел за наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер, Јанез Јанша.

– Мислам дека тоа е поврзано затоа што никој не знае како да ја надмине оваа блокада и не сите влади се задоволни што има толку малку Западен Балкан на дневен ред. Ние треба да вршиме притисок за ова, Европскиот парламент е соодветното место за тоа – рече Шидер.

Тој ја критикуваше и Европската комисија за премалата помош за вакцините во регионот.

– Ситуацијата со ковид-19 во Северна Македонија е тешка и првата достава од Ковакс на АстраЗенека пристигна во април, процесот на вакцинација е многу бавен и ЕУ треба да сноси одговорност. Ако Европа е искрена за иднината на Западниот Балкан требаше да нарачаме дози за регионот исто така. Се срамам што не го сторивме ова и што Србија и Кина го пополнуваат овој стратешки јаз – изјави европратеникот Андреас Шидер.

На брифингот стана збор и за скандалот со фалсификуваните македонски пасоши користени од криминалци во регионот. За европратеникот Ќучук ова претставува загрижувачки развој на настаните.

– Последните скандали длабоко загрижуваат во Северна Македонија, тие не се наоѓаат во мојот извештај затоа што се случија отпосле, но затоа се потребни длабоки реформи во судството, законската рамка и владеењето на правото – изјави Ќучук.

За Шидер овој скандал е исто така знак дека борбата против корупцијата е неопходна.

– Но ова покажува и дека има активност околу борбата против корупцијата – изјави европратеникот и додаде дека не очекува овој скандал негативно да се одрази врз визниот режим за Северна Македонија со ЕУ, затоа што земјата покажа дека работите одат во добра насока.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.