Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата ги изгласа но антикризните мерки ќе почекаат, Џафери закажа продолжение на 32 – та седница

0
By Нова ТВ on April 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 14, 2021 19:42

Петтиот пакет економски мерки кои треба да го помогнат стопанството и граѓаните зафатени од кризата што ја предизвика пандемијата од корона вирусот, а кои денеска беа изгласани во Комисијата за финансирање и буџет, сепак ќе почекаат, утре продолжува расправата по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2021-2025.

Ова е заклучокот од попладневната координативната средба кај претседателот на законодавниот дом Талат Џафери на која присуствувале координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО – ДПМНЕ и претставник на политичката партија Левица.

Џафери ја свика координативна средба во насока на деблокирање на целокупната работа на Собранието, вклучително и на работните тела, со оглед на тоа што работата на дел од матичните работи тела е закочена повеќе од пет месеци.

„Работата на Собранието треба да се деблокира на секое ниво и сите политички партии треба да ја напуштат праксата на заложништво на процесот на усвојување закони, немање кворум заради оправдани здравствени причини на пратеници поврзани со ковид-19 пандемијата, или поднесување на огромен број амандмани по еден закон, оптоварувајќи ја и службата на Собранието, а не само законодавниот процес, се наведува во соопштението од кабинетот на Талат Џафери.

По повлекувањето на многубројните амандмани поднесени од дел од опозицијата, собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ги прифати законските решенија од петтиот пакет антикризни мерки.

Од Собранието засега нема информација кога ќе бидат одржани седниците на кои треба да бидат усвоени овие законски решенија од петтиот пакет антикризни мерки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.