Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Истрагата за „Двојник“ ќе се прошири, ќе откриеме кој изнесува документи од МВР

0
By Нова ТВ on April 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 14, 2021 20:30

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека истрагата за случајот „Двојник“ во врска со злоупотребите при издавање на пасоши, ќе се прошири, без разлика дали се работи за структури во МВР или надвор, и без разлика колку високо ќе се дојде во хиерархијата на полицијата.

– Со партнерските служби работиме надвор од територијата на државата, при утврдување на идентитетите и при преземање на мерки против лица кои тие ги користеле, рече Спасовски во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Министерот додава дека токму еден од уапсените луѓе во акцијата „Двојник“ е оној што ги извадил документите на 27 јануари и тие документи од тој датум се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа лице работи во правните служби токму на издавањето на личните документи. Втората можност за да се добијат сите овие податоци е периодот кога човек на ВМРО-ДПМНЕ раководеше со МВР, изјави Спасовски.

– Ова е обид за саботажа од страна на опозицијата. Покажав еден документ кога министер за внатрешни работи барал да му се достават сите податоци за што се водат истражни податоци. Исто така, тој барал пристап до системот на Интерпол. Ова се сериозни сомнежи и затоа повикав Обвинителството да одработи и да ги утврди сите аспекти.

Спасовски вели дека МВР отворило посебна криминалистичка обработка која се однесува на вработени, и сегашни и поранешни, кои во одреден момент ваделе документи и ги давале во опозицијата или во медиумите.

– Не е ова само за пасошите, туку и за други документи. До сега имаме прибрано многу податоци и ќе знаеме кој на каков начин вадел документи и затоа секој мора да размисли какви постапки прави. Не вреди да земате плата од граѓаните, да се заколнете дека ќе почитувате Устав и закони и тоа нешто да го погазите заради партиски интерес или интерес од криминални и бизнис понуди, вели ресорниот министер.

На прашањето дали планира да ги објави списоците со имињата на луѓето чии идентитети биле злоупотребени во „Двојник“, тој одговори дека не треба да се прави предвремена сензација, а лицата чиј идентитет е злоупотребен ќе бидат заштитени.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.