Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Нема повеќе расипничко трошење на народните пари, 1.500 денари за „министерски“ работен ручек

0
By Нова ТВ on April 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 15, 2021 18:17

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска од Валандово порача дека со Одлуката на Владата за ограничување на користење на угостителски услуги за функционерите нема повеќе расипничко трошење на народните пари, како што било случај со поранешната владина гарнитура, кога преку трошоци за угостителски услуги се извлекувале илјадници евра и со нив се купувало се и сешто.

Тој го рече тоа во одговор на новинарско прашање од МИА да изнесе детали за ограничувањето на сумите и како тоа е регулирано. При тоа додаде дека сега јавноста преку владините алатки за транспаретност и отчетност има увид во трошењето на парите.

Според него, со владината одлука, се унифицира трошењето за угостителски услуги за работните состаноци на функционерите.

-Одлуката се однесува за сите владини функционери и правни субјекти кои ги основала Владата. Со одлуката се предвидува точни износи на пари. Министер може да потроши 1.500 денари по лице, заменик министер и директор 1.000 денари, а замениците директори не се опфатени со оваа одлука. Го стеснуваме кругот, но и ги ограничуваме износите кои можат да ги трошат институциите и функционерите, вели Николовски.

Смета дека воспоставена е процедурата на контрола на трошењето и при тоа функционерите мора да имаат писмена резервација за состанокот, односно работниот ручек.

-Мора да има потврда, писмена информација за бројот на лица со име и презиме, природата и целта на работниот состанок, мора да има извештај за целта на состанокот во рамки на целокупната документација, односно приложена целосна документација-од резервација до потврда, извештај за состанокот, односно со сите информации кои треба да се содржат. Ги поставивме сите контролни механизми за да може секторот за финансии да ја одобри и исплата сумата, потенцираше вицепремиерот Николовски.

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.