Во одделот за управни работи во Скопје евидентирани се 660 двојни лични броеви, при што поништени се 580, а за 80 постапката е во тек. Да обвиниш дека над 20.000 граѓани имаат два матични броеви е невкусно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако опозицискиот лидер Христијан Мицкоски денеска обвини дека 20 илјади граѓани имаат по два матични броеви.
„Јас кажав и вчера, постојат одредени граѓани со двојни матични броеви. Според Законот за матични броеви од 1980 година, тогаш се евидентирало според живеалиштето, а за новородените е според местото на раѓање. Во 1985 доаѓа до технички пропусти по 2 матични броеви од многу аспекти. МВР веќе подолго време работи во утврдување на матични броеви и поништи дел од овие. Поништени се 580, а за 80 постапката е во тек. Далеку е бројката од 20.000 граѓани со два матични броеви, како што вели Мицкоски“, истакна Спасовски, во гостувањето на емисијата „Клик плус“.