На Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје ќе има бесплатно испитување за присуство на антитела, но ќе има категории, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
На оваа тема утрово министерот рагзоварал со директорите на Фондот и на Институтот, и се согласиле оти треба да продолжи праксата овие тестови да бидат на товар на државата, покриени од државен трошок, но оти ќе мора да се воведат категории.
– Ќе мора да се воведат категории за да не го прави секој тој тест, како на пример, дали лицето прележало ковид-19, дали треба индикација за вакцина и слично. Но, секако ќе дадеме одредени категории, изјави Филипче.