НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Новиот образовен модел има за цел секое дете да го постигне својот полн потенцијал

0
By Нова ТВ on April 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешниот онлајн состанок со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија и претставници на неколку агенции од системот на ОН, укажа на реализацијата на новиот образовен модел кој има за цел секое дете да го постигне својот полн потенцијал.

-Од септември се воведува новиот концепт на учење во прво и четврто одделение, а за таа цел веќе се објавени огласите за изработка на материјали за учење и за илустрација на содржините. Во собраниска процедура е новиот Закон за учебници како и измените на Законот за наставници и стручни соработници, кои се дел од реформскиот пакет, истакна Царовска.

Министерката зборуваше и за унапредувањето на средното стручно образование. Таа рече дека преку процесот „Учи паметно, работи стручно“, Владата работи на подигнување на свеста за важноста на овој тип на образование.

-Со новиот конкурс за упис во средно образование во учебната 2021/2022 отворени се 97 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука за 2.001 ученик. Подобрена е политиката на стипендирање, обезбеден е фонд за 2.200 стипендии за ученици од прва година, во вкупна вредност од околу 60 милиони денари, што е 10 кратно зголемен буџет во однос на минатата учебна година, нагласи министерката.

Таа наведе дека првпат од следната учебна година се воведува услугата образовна асистенција која е предуслов за обезбедување инклузивно образование и таа ќе се финансира преку Буџетот на МОН.

-За оваа услуга изготвени се нормативи и стандарди и дадени се описите на компетенциите и работните задачи, а во наредниот период ќе се организираат обуки за тренинг на тренери, кои понатаму ќе испорачаат обуки за идните образовни асистенти, рече Царовска.

Претставниците на ОН агенциите ја нагласија целосната посветеност на соработка во насока на поддршка и координација на развојните и реформски процеси кои се реализираат во Министерството за образование и наука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.