Иако Обвинителството бараше ефективен притвор, судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци,.
Освен Рашковски куќен притвор е изречен и за Даниел Станчески, сопственикот на „Инвока“, фирмата која го изработи софтверот.
Во предлогот на обвинителот не биле приложени докази во поткрепа на основите на сомнение за евентуално бегство заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка, па затоа судијата на претходна постапка се одлучил за куќан притвор.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, соопштија од Кривичниот суд.
Другите две лица за кои се бараа мерки за претпазливост дополнително ќе бидат повикани на распит.