Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈО најави жалба за куќниот притвор на Рашковски

0
By Нова ТВ on April 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 16, 2021 19:18

– Обвинителството даде навистина доволно докази да ги докаже околностите поради кои бараше да биде определена мерка притвор, сепак Основниот кривичен суд Скопје изрече куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Секако дека обвинителството ќе поднесе жалба за ваквата одлука изјави обвинителката која ја води истрагата Ивана Трајчева по завршувањето на распитот.

Таа истакна дека и натаму постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази коишто треба допрва да бидат прибавувани и да бидат сослушани сведоците во текот на постапката.

-Она што можам да кажам е дека од она што досега го имаме прибавено и она што беше кажано од самиот осомничен сметам дека постојат доволно околности да се потврди имотната состојба на осомничениот. Но тоа е сепак одлука на судот и јас не би ја коментирала, а сепак имам право на жалба, рече Трајчева.

Таа појасни дека во конкретниов случај е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за три јавни набавки, односно за три постапки за јавни набавки од коишто само првиот е вклучен во трите постапки за јавни набавки, додека останатите три лица се вклучени само во првата постапка.

-Она што можам да ви кажам е дека Законот за јавни набавки предвидува дека вие не смеете да ги договарате условите, односно тендерската документација со учесниците во постапката, а кое нешто е направено во случајов. Не можете да контактирате со нив лично, туку си има начини на електронско комуницирање, официјално, кое нешто исто така е направено, значи повторно е постапено спротивно на Законот за јавни набавки. Исто така, вообичаено се прави анализа па се случува јавна набавка, а не обратно како што е во случајов и на крајот, но воопшто не е и најмалку битно е не може да изготвите, да барате тендерска документација за постапка која што стриктно упатува на конкретен патент и со цел да фаворизирате одредена стока или правно лице кое нешто е направено во случајов, појасни Трајчева.

Во однос на другите две постапки за јавни набавки, наведе дека истите се прибавени за потребите на првата, и напомена дека се набавени во време кога воопшто не ни била склучена првата јавна набавка, па, нагласува, малку е нејасно за што се набавени кога главниот дел го немало.

Кога станува збор за јавна набавка, обвинителката подвлече дека се прегледува целата постапка за јавна набавка од почетокот до крајот.

Обвинителката Трајчева најави дека можно е да се прошири истрагата доколку бидат најдени дополнителни докази за основано сомнение.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.