Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските граѓани шест години се лекуваат со застарени лекови

0
By Менче Атанасова Точи on March 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 4, 2014 17:29

Шест години ниту еден нов лек не е ставен на позитивната листа на лекови. Македонските граѓани се лекуваат со застарени лекови, а современите ја заобиколуваат државата. Последната промена е направена во 2012, но не за да се стави нов лек, туку да се направи некакво усогласување на некој од постоечките, стои во Службен весник број 62 од истата година.

НОВА уште во април минатата година информираше дека Комисиите за позитивнита листа на лекови не функционираат од 2008-та година, поради што лекарите не можат да ги применуваат новите протоколи во лекувањето, а на пациентите им е скратено правото да се лекуваат така како што треба. Медицината оди напред, а болните од рак на кои не им помагаат цитостатиците кои се на листата, даваат илјадници евра месечно за да можат да се лекуваат. Децата со ретки болести чекаат на без глутенското брашно да биде ставено на позитивната листа бидејќи тоа чини една просечна плата на нивните родители. Дел од бубрежно болните кои се на дијализа месечно одвојуваат по 100 евра за лекот кој спречува да не дојде до компликации на коските. Единствено болните од леукемија извршија притисок и лекот кој што им помага од пред неколку години го земаат на рецепт.

Со новите измени на Законот за здравствено осигурување Владата треба да формира 14 експертски комисии кои треба да бидат составени од 17 члена во кои освен лекари ќе има еден претставник од Министерството и еден фармацевт. Тие треба да даваат експертски мислења дали и кој лек треба да бие ставен на позитивната листа. Иако уште пред две години министерот Тодоров спектакуларно ги најави овие измени како еден од начините да се спречи корупцијата меѓу членовите , овие комисии се уште не профункционирале.

Дури и владеачката ВМРО ДПМНЕ во април 2012 година како своја агенда го најави формирањето на овие комисии составени од стручни лица, цитирам „за да се постигне транспарентност, избегнување на притисоци, оставање на одлучување на комисија формирана од врвни стручни лица од земјата и од странство од соодветната област“.

Од таму сепак не објаснија дека овие комисии не се ништо ново, дека постоеле и претходно, во последните шест години само формално, проблем е само нивното функционирање, дали заради финансиски или организациски причини не е јасно.

Молк од здравствените власти за ова прашање, иако НОВА два дена се обидува да дознае дали се формирани комисиите, и доколку се формирани, зошто се уште е замрзната позитивната листа. Експерти од областа на фармацијата за НОВА велат дека листата треба задолжително да се ажурира еднаш до два пати годишно, да се ставаат нови лекови, а старите да се исфрлат од употреба. Такво нешто не е направено цели шест години, со што се загрозуваат правата на пациентите и нивното здравје, предупредуваат фармацевтите.

НОВА се обрати со прашање и до Владата. Сакавме да дознаеме дали и кога ќе бидат формирани комисиите и колкав ќе биде финансискиот надоместок на членовите бидејќи со нивното проширување од 13 на 17 члена финансиски се оптоварува и за буџетот. Од Владата не упатија во Министерството за здравство каде што веќе два дена чекаме на одговор. На прашањето, дали и колку барања има за нови лекови не сакаше да одговори ниту директорката на Бирото за лекови, Катерина Алексоска.

Ваквата незаинтересираност за прашања кои се од јавен интерес и игнорантскиот однос на здравствените власти најмногу ги погодува пациентите. Месечната терапија за рак на дојка кај тие што не реагираат на постоечките лекови чини 500 евра, болните од рак на простата месечно одвојуваат по 200 евра за лекови, а цели девет години за нив нема ниту еден нов лек.

-Луѓето продаваат имот, земаат кредити, но тој што нема ништо не може да си ги купи лековите, вели пациентка од Клиниката за радиологија.

Инаку, според Законот и Уредбата на Владата каде што се собрани експертски мислења, лековите кои ќе влезат во позитивната листа треба да бидат во рамките на финансиските можности на Фондот за здравство, да бидат ефикасни и во согласност со фармако-терапевските и фармако-економските индикатори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.