Откако Собранието ги изгласа сите точки на 32-та седница едногласно со 62 гласа „за“, од кои двајца од пратеници кои се во кабините во горниот дел од салата поради тоа што се позитивни на коронавирус, започна 36 -та седницата на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет антикризни закони.
И без опозиција петтиот пакет на мерки ќе биде изгласан денеска. Помошта ќе стигне до граѓаните, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски и додаде дека заразените пратеници дошле во Собрание со целосно испочитуван протокол на Комисијата за заразни болести, со дозволи и контрола од инфектолози.
-Не е ова ништо што е на штета на другите пратеници, не е прв пат, тоа се случи и кога гласавме нова влада(кога пратеникот Зибери беше суспектен на корона), рече Митревски.
Неспорно е дека Алијанса и Алтернатива беа присутни на работата на 32. седница и имаат свој координатор, не им треба правен застапник реагираше собранискиот спикет Талат Џафери на обраќањето на Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ кој обвини дека Уставот е прекршен и дека не смеело да се носат луѓе позитивни на ковид во законодавниот дом. Со тоа рече во прашање е ставено и здравјето на сите пратеници, а прекршен е и здравствениот протокол кој се предвидува за лицата болни од ковид 19.
Тој посочи дека ова е само за себепромоција и драма бидејќи како што посочи имало доволно пратеници во собраниската сала.
Претседателот на Собранието Џафери рече дека токму опозицијата со илјадници амандмани ја блокирала работата на собранието и поради нив не било во можност да ги изгласа меѓу другите и законите за петтиот пакет мерки и дека бил приморан да обезбеди посебни услови во кои ќе се овозможи присуство на овие лица.
Претходно на кривична одговорност повика и пратеникот Димитар Апасиев кој им порача на своите колеги кои во скафандери се присутни во собранието дека штом дојде до промена на власта не сакал да им биде во кожа бидејќи како што посочи законот за ваков прекршок предвидува затворска казна.
Џафери му одговори дека си одделни интервенции во деловникот овозможено е под посебни околности да биде обезбедено нивно присуство и дека не се крши никаков закон. Рече дека и покрај тоа што и претходно ја имал ваквата можност не ја искористил зашто се надевал на човечност од нивна страна особено кога станува збор за донесување закони за помош на граѓаните.