Во сите цивилизирани парламенти во Европа и нашиот регион веќе се работи на онлајн седници во различни форми. Дури и Европскиот парламент со преку 800 пратеници е целосно дигитализиран со онлајн заседанија на комитетите, на пленумот и со онлајн гласање. Тоа го направија сите затоа што е насушна потреба и човечки пристап во услови на долготрајна пандемија која ги засега сите.
Ова е дел од статусот на министерот за правда испровоциран од последните случувања во Собранието, кога пратеничката од редовите на СДСМ Билјана Костадиновска Стојчевска, како и според собраниските информации, Мирослав Богдановски од ДОМ, двајцата во скафандери, заболени од Ковид- 19, се приклучија на расправата на парламентот со цел да се овозможи непречено завршување на 32-та седница, како и носењето на петтиот сет економски мерки, потребен за помош на граѓаните и компаниите.
-Само кај нас, собранискиот Деловник не може да се смени за овозможување на онлајн присуство на заразени пратеници заради деструктивната политичка стратегија на цела опозиција. Спречуваат промена на Деловникот и се радуваат на секој нов заразен пратеник од парламентарното мнозинство зашто тогаш настапуваат со нивната точка “играчки со кворумот”. Практично оние заради кои тешко функционира Собранието го обвинуваат мнозинството за нефункционалност.
-Но, некои пратеници не заборавиле зошто се избрани. Бисера и многу други и во вакви тешки услови не забораваат дека се таму за да им служат на граѓаните и да носат одлуки во нивна полза и во тешко време. Пратениците на опозицијата пак мислат дека се таму за да блокираат, бојкотираат, трошат ресурси бесцелно само за лични и партиски цели (зашто само со блокади и бојкоти се чувствуваат важни немајќи да понудат никаква идеја и политика за граѓаните).
-Затоа го поздравувам овој херојски чин на Бисера кој е спроведен согласно сите протоколи пропишани од надлежната Комисија за заразни болести и во највисок јавен интерес, напиша минисреот Маричиќ.