НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Елвир Буцало, Сараево: Заблуди и надежи на патот кон Брисел

0
By Нова ТВ on April 19, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Елвир Буцало

Ако ме лажеле мене, и јас ве лажам вас: еднаш, велат, го прашале чешкиот амбасадор кога ќе влезе БиХ во ЕУ. „Е, тогаш кога од дрвјата крај реките нема да висат пластични ќеси“, рече прашаниот и така ги урна со два збора сите наши теории, кратенки и финти за брзо и лесно „залепување“ за европското друштво… На кого и да сум го раскажал ова, само ќе одмавнеше со рака во стил „абе, заборави“… Би ги заборавиле ние лесно ЕУ интеграциите, ама се преблиску, прејасна е сликата и разликата во третманот што го добиваат тие и ние. И премногу нѐ засега… Иако многу нешта не нѐ засегаат.

Не ни е грижа за реките, за воздухот, ниту за отворените, полудени корупција и криминал, кои ни се смешкаат секоја вечер од ударните термини за вести. Се фаќаме себеси дека ниту самите себе не се засегаме. А и зошто би?

За малку е заборавев, оваа приказна е за европските интеграции и невнимателно ми е доверена мене, мене како некој кој две децении живеел и работел во бриселското дувло на евро-бирократскиот монструм што за дневен оброк јаде патриотско движење од средна големина, самостојност на неколку национални финансиски институции, а на крајот од седмицата се засладува со егзотична влада на национално единство. Ги џвака брзо, вари безгрешно, а производ на метаболизмот му се демократска пролет, солидарност во премиум пакување, кредитни линии за спас од кои нема спас…

Не би сакал да нѐ будам од незасегањето, но би сакал од сонот за нас самите засекогаш да ја исклучам неминовноста на препознавање на нашите несомнени квалитети, како и факторот на замор од другата страна додека бескрајно долго се гледаме на мостот: ние, демек, би сакале во ЕУ, а тие, демек, не нѐ пуштаат.

За да добијам целосна слика за политиката на БиХ и ЕУ интеграциите, сепак морав да се вратам дома, каде што таа се создава. И вредеше, затоа што еминентен член на една од комисиите за ЕУ интеграции ми ги отвори очите со едноставно тврдење: какви и да сме, а секакви сме, нѐ има само неколку милиони, што претставува неколку капки во речиси половина милијарда луѓе, на кои би им се придружила земјата. Сите наши корупции, сиромаштијата на наивниот народ, неспособноста на лидерите, секојдневните двоцифрени смртни случаи, сето тоа би се удавило во морето на европска благосостојба и би станало само статистичка грешка на маргините на несогледливиот сеопшт успех…

Јас, пак, тврдоглаво си повторувам самиот на себе, а еве и на пасивниот читател, дека единствениот спас лежи во тоа на доооолг период со закон да забраниме споменување на ЕУ интеграции, да наплатуваме казна на лице место ако некој спомене НАТО, и слично.

Во случајот на политичарите, споменувањето на евроатлантски интеграции Централната изборна комисија би го казнила со посебен декрет и со автоматско исклучување од политичкиот живот, како и со забрана за кандидирање на избори барем 10 години. А што би правеле тогаш истите тие политичари, кому би ветувале, кому би влевале надеж?

По првичниот шок и неверување, јавноста, заедно со политичарите, би се свртила кон животот. Можеби тогаш некому би му паднало на памет дека нѐ засега по нешто, за ова општество, од чие авторство сите се одрекуваат, да добие на функционалност, за животите да ни се исполнат со содржини, за едно утро да погледнеме низ прозорецот: „Ене, сонцето се пробива, ќе биде убав, сончев ден. Види, те молам, некој фрлил ѓубре во потокот, ќе го исчистам, а потоа со уживање ќе се напијам кафе…“.

 

Елвир Буцало, долгогодишен новинар, бил дописник за Гласот на Америка и за БХРТ од Брисел и од Хаг; во моментов уредува и води емисија на БХТ1.

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.