По денешниот редовен состанок со директорите на клиниките и ковид центрите и направената анализа на состојбата со корона вирусот во Македонија, министерот за здравство Венко Филипче вели дека очекува ситуацијата во наредниот период да продолжува да се стабилизира и да се олесни работата на здравствените работници.
„Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, истакна Филипче.