Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правни експерти за случајот Холидеј Ин: Инвеститорот има поголема основа да поведе успешна постапка пред ЕСЧП

0
By Нова ТВ on April 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 19, 2021 16:54

Откако неодамна во јавноста, група граѓани, жители на Градски Ѕид, најавија тужба пред судот во Стразбур за најавената градба на комплексот спроти Холидеј Ин, НОВА се обрати до адвокат д-р Костадин Богданов кој работи во граѓанско-правна област, а веќе 10 години е именуван Владин застапник пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Тој појасни дека не е можно поднесување на таква тужба директно во Стразбур, ако претходно не се завршени правните постапки во земјата.

Богданов, кој за најавената тужба се информирал преку медиумите, вели дека со оглед на тоа дека е дојдено до фаза на плаќање на комуналии за уредување на просторот, а административната постапка е веќе пред крај односно пред почеток со реализација на градбата, секое понатамошно одолговлекување или “кочење” на инвеститорот да отпочне со градба, многу повеќе отвора можност и дава основ инвеститорот да поведе успешна постапка пред ЕСЧП, отколку жителите и граѓаните кои се засегнати со овие градби.

„Најнапред, треба да се има предвид дека ЕСЧП не одлучува по т.н. actio popularis тужби, во кои е оспорен некој општ акт или одредба од општ карактер на некоја држава членка. ЕСЧП одлучува и ги штити само актуелните, индивидуални повреди на правата, кои се случиле или се случуваат, и тоа само на оние права кои се опфатени со заштита од Конвенцијата. Низ судската пракса на ЕСЧП, може да се најдат предмети во кои како тема била наметната животната средина или екологијата, и во кои жалителите тврделе дека со изградбата на некој објект им биле повредени некои права, но најчесто во тие предмети станувало збор за изградба на објекти од тешка индустрија, рудници, депонии и слично, или објекти чие работење предизвикувала неподнослива бука и галама, или со еден збор објекти кои го влошувале или влошиле во доволна мера здравјето на апликантите или основните услови за живот околу тие објекти.“ – објаснува Богданов.

Тој вели дека ќе биде извондредно тешко да се покаже нешто такво на сé уште неизграден објект, дотолку повеќе што во конкретниот случај станува збор за објект со комерцијални намени и домување.

„Секогаш постои опција да се нападне и процедурата, но за такво нешто е неопходно да се искористат домашните правни лекови во таа насока, и најчесто рокот се врзува и почнува да тече од конечноста на искористените правни лекови пред домашните органи.“ – заклучува Богданов.

Инаку, проектот Гранд Скопје кој беше презентиран минатата недела ја разбранува јавноста, а драстично ги спротивстави ставовите на жителите од Градски Ѕид и жителите на Ново Маало, кои деновиве масовно собираат потписи за „контра“ петиција на своите соседи од кулите во Градски Ѕид. Во неколку дописи до медиумите, ново маалчани изразија огромен револт кон институциите, организациите и граѓаните кои повикуваат на суспензија на планот.

„Крајно сме револтирани од предлозите за суспензија на планот и притисокот за ова кој го прават луѓе кои живеат во удобни домови, наспроти жителите на Ново Маало кои со децении живеат во услови кои ни одблиску не наликуваат на хумано домување. Доколку дојде до таква постапка, подготвени сме да излеземе на протест, да ја блокираме работата на Општина Центар, секако на цивилизиран начин, како и да поднесеме тужба до надлежните органи за претрпена штета од 1930 до 2021 година, но и до Стразбур.“ – наведоа ново маалчани утрово во допис до медиумите во кој информираа дека за само еден се собрани 250 потписи на петицијата од жителите на ова маало, која ќе биде доставена до Општина Центар и Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.