НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата со 16 милиони евра ќе стимулира отворање 1.000 нови работни места во „Дрекселмаер“

0
By Нова ТВ on April 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската компанија „Дрекселмаер“ чија дејност е производство на кабелски сетови, комплетни електрични системи за „Ауди“, БМВ, „Бугати“, „Кадилак“, „Јагуар“ и многу други, потпиша договор со државата со кој се предвидува изградба на производствен погон во Куманово и нова производствена линија во Кавадарци, во кои ќе се отворат 1.000 нови работни позиции.

Со договорот од друга страна пак државата се обврзува да ја стимулира компанијата со државна помош во висина од 16 милиони евра.

– Денешното потпишување на договорот за државна помош е уште една потврда за добриот однос кој Владата го гради со компаниите кои функционираат во земјава како и за поволната бизнис клима која поттикнува нови инвестиции и развој на компаниите, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по потпишувањето на договорот.

Тој нагласи дека „Дрекселмајер“ е присутна во земјава од 2012 година и е еден од најголемите работодавачи со околу 5.500 вработени во нивата фабрика во Кавадарци.

– Со оваа инвестиција се планира зголемување и проширување на производствените капацитети и опрема за проектот на „Мерцедес Бенц“ – Е класата во постоечкиот објект во Кавадарци и зголемување на производствените капацитети со нови производствен погон и опрема во Куманово за потребите на нивните клиенти „Мерцедес Бенц“ и БМВ за проектите Е класа, Г класа и БМВ клар винг, рече Битиќи.

Државата, како што нагласи вицепремиерот, ќе ја поддржи инвестицијата со ослободување од данок на личен доход за период од 10 години за новите вработувања, ослободување од данокот на добивка за период од 10 години за новите инвестиции, готовински грант во износ од 10 отсто од износот на оправданите инвестициски трошоци но не повеќе од еден милион евра на годишно ниво за максимум  пет години, готовински грант во износ од 2.000 евра по вработен за креирање на нови работни места за месечна нето плата за најмалку 50 отсто повисока од висината на минималната нето плата.

Тој потсети дека од септември 2020 година досега се потпишани вкупно 48 договори за државна помош со компании кои аплицираа по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а денешниот, како што рече е вкупно петтиот договор кој се потпишува за нова инвестиција на странска компанија во земјава.

Претходно беа потпишани договори со „Вик“, „Ипротекс“, „Круплас“ и „Магна“. Со тоа, како што додаде Битиќи, во последните осум месеци во тек се 53 инвестициски проекти со поддршка на државата со вкупна вредност од речиси 96 милиони евра со кои ќе се отворат преку 2.000 нови работни места.

Директорот на „Дрекслермајер“, Лукас Мирингер истакна дека компанијата е присутна во Кавадарци од 2012 година, а од 1 април, додаде, отвори нова фабрика во Куманово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.