НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: И покрај пандемијата рекорден бројот на апликации на повиците на ФИТР

0
By Нова ТВ on April 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со иновативноста и креативноста ги надминуваме предизвиците од минатото и сегашноста и се создаваат услови за промени за подобро утре. Посветеноста на компаниите за постојан развој базиран на трансфер на знаење и на унапредување на сопствените технолошки процеси низ иновативни решенија придонесува за поквалитетни и поконкурентни производни услуги, создавање нови работни места и економски раст и развој на секоја компанија одделно, порача премиерот Зоран Заев на денешната панел дискусија на тема „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст и развој“.

Дискусијата е во организација на Фондот за иновации и технолошки развој по повод 21 Април – Светскиот ден на иновативноста и креативноста.

Улогата на ФИТР како кредибилен партнер за поддршка на иницијативите на компаниите, укажа, е веќе сериозно препознаена во нашата земја. За него лично огромна потврда за тоа е што оваа година во глобална пандемија имаме рекорден број доставени апликации во однос на кој било досегашен јавен повик кој го спроведува ФИТР.

Како што информира Заев, на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, кој воедно е дел од петтиот пакет на антикризни мерки, пристигнати се 706 апликации, од кои 540 се од компании кои аплицираат првпат, 207 се старт-ап компании.

За довербата во програмите на ФИТР и на економските политики на Владата, според Заев, говори и фактот што компаниите што аплицирале се подготвени да учествуваат со свој дел и сите заедно се подготвени да инвестираат околу 27 милиони евра сопствени средства.

Информира дека во Буџетот за оваа година имаат проектирано 70 милијарди денари или 1,1 милијарда евра за економски програми кои предизвикуваат и подразбираат директна поддршка на инвестициски проекти на компаниите, поддршка на технолошкиот развој, дигитализација, иновации, проширување на производствените процеси, повисока продуктивност, обука за вработените, претприемништво, но и индиректна поддршка за бизнисот во унапредување на регулативата, намалување на давачките, како и средства за реализација на капитални инвестиции во инфраструктурни проекти.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.