НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Целосно ќе се насочиме кон сузбивање на притисоците врз новинарите и медиумите

0
By Нова ТВ on April 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Забелешките од последниот извештај на Репортери без граници ќе ги земеме сериозно, а Владата со целиот капацитет ќе се насочи кон тоа повеќе да нема случаи на притисоци врз новинари и медиуми, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски соопштувајќи го ставот на Владата за последниот извештај на организацијата „Репортери без граници“.

Според Арсовски најважен индикатор во извештајот, е што оваа Влада од 2017 до денес покажува позитивен тренд, што не беше случај со минатата влада, и тоа, како што рече, треба да биде показател дека состојбата со медиумите од 2017 постојано се подобрува.

Пренесувајќи го ставот на Владата, Арсовски повика сите општествени фактори да бидат на висина на сопствената одговорност, да учествуваат во натамошното подобрување на состојбата и да придонесат во нагорниот тренд во медиумската слобода во нашата земја.

Напомна дека Владата реагирала во случаи кога неколку претставници на институции од извршната власт имале непримерна комуникација со новинарите и за нивните постапки биле преземени соодветни мерки. Дел од нив, рече Арсовски, беа отповикани од вршењето на функциите.

Во извештајот на „Репортери без граници“ за 2020 година, кој беше објавен вчера, Северна Македонија бележи подобрување од две места во глобалниот индекс (од 92 на 90), но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.