Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта и опозицијата со различни толкувања за шестиот пакет мерки

0
By Нова ТВ on April 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 22, 2021 07:39

Шестиот пакет мерки, тежок 17,8 милиони евра, предизвика различни толкувања и реакции. Според власта, тој е таргетиран, со поддршка насочена кон најпогодените сектори и ќе ги даде очекуваните ефекти, додека за опозицијата, мерките се задоцнети и ненаменски предвидени.

Со свој став за мерките денеска се очекува да излезе и Туристичко-угостителската комора (ТУК) од каде вчера изјавија дека се уште ги анализираат мерките и чекаат одговор од Владата за начинот, методологијата и условите под кои ќе може да се аплицира за предвидената помош.

-И во минатите пакети, едно беше колку се дава, а друго начинот на кој се аплицира преку институциите како УЈП и условите што треба да се исполнат од аспект на документација, платени давачки,… Денеска е пратен допис до Владата за да ни се испрати точната методологија, односно како е замислено да тече начинот на апликација и кога е планирано тоа да се имплементира. Досега сме сведоци на континуирано задоцнето реализирање на мерките. Исто така, треба да видиме и на што се однесуваат тие 30 проценти, дали од вкупно прикажаниот приход или од некој друг начин на пресметување приход. Има многу нејаснотии, ја повикуваме Владата да ги објасни за да знаеме што не очекува и во кој поравец да движиме, изјави вчера Мартин Ангеловски од ТУК.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека имале јасна намера и понудиле одреден модел со кој ќе биде поддржан секој субјект од угостителството и туризмот.

– Одобривме вчера пакет од 17,8 милиони евра за еден сектор за којшто навистина сметаме дека е битен, без никакви скриени намери. Го понудивме тоа со што во овој момент државата може да помогне, оцени вчера Битиќи.

Според него, ефектот од досега понудената помош е 100 проценти.

– Можеме да кажеме дека четирите пакети коишто Владата ги донесе минатата година покажаа дека ефектите се видливи кога знаете умешно да испланирате и таргетирано да ја дадете помошта. Ја завршивме 2020 година со пад од минус 4,5, а без помошта која што ја даде Владата, падот би бил 8,7 проценти и тоа е суштинска разлика. Сме направиле ефект од 100 отсто од тоа што сме го дале, рече вчера Битиќи во изјава дадена по потпишувањето на договорот за државна помош со германската компанија „Дрекселмајер“.

Ставот на опозицијата е дека се даваат „трошки“ за стопанството кои нема да бидат од помош за излез од кризата.

– Додека бизнис секторот и стопанството во Македонија мака мачат како да ја надминат КОВИД кризата, ни со овој пакет мерки нема бизнис секторот да ги покрие ни дел од загубите. Овој пакет, власта го има скроено со цел минимална санација од штетите кои се предизвикани од пандемијата, а не за обесштетување на фирмите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Туристичко-угостителскиот сектор веќе два дена протестира пред Министерството за финансии, а од денеска, според најавите, ќе им се приклучат и сметководителите. И тие, како и туристичко-угостителскиот сектор, најавуваат дека ќе протестираат додека не им се исполнат барањата. Бараат директна неповратна финансиска помош, транспарентно донесување закон за сметководствени работи, пролонгирање на роковите за годишните сметки и даночните пријави, како и задолжителна консултација со експерти од дејноста за секоја дополнителна обврска со рок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.