Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колевски: Никој не вршеше влијание врз изборот на јавни обвинители

0
By Нова ТВ on April 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 22, 2021 15:33

Мене никој не ми вршеше влијание, а нема поплаки за такво нешто ниту од колегите членови во Советот, истакна претседателот на Советот на јавните обвинители Ацо Колевски по денешниот избор на јавни обвинители.

Тој изрази задоволство бидејќи денешната седница поминала во најдобар ред, но, како што рече, за да помине така требало  претходно да се сублимираат податоците на кандидатите,  односно да се направи преглед за нивното движење во кариерата како јавни обвинители, за нивниот стаж и за добиенитете  оценки, со цел сите членови на Советот  да имаат увид во нивното работење.

-Најпрво беше изготвено оценување од страна на вишите јавни обвинителства и оценките ни беа доставени во јануари.  Советот имаше два месеци да ја  изврши подготовката за оваа седница и да ја донесе одлуката . Така да целиот овој период од шест или осум  месеци застојот не беше  кај Советот, туку требаше да биде спроведена законска постапка за да биде извршен избор затоа што законот бара да се изврши оценување, изјави Колевски по денешната седница.

Истакна дека негова цел  како претседател на Советот на јавните обвинители е да бидат избрани сите кандидати за кои се предвидени места во огласот, осносно пет јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје и пет во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Потсети дека Советот  е составен од четворица членови  кои ги делегира Собранието, шест  се од редот на  јавните обвинители во јавните обвинителства, а член по функција е државниот јавен обвинител.

-Така што не е само во рацете на јавните обвинители донесувањето на одлуката, туку по законот се делегираат и луѓе од страна кои не се јавни обвинители и кои полноправно учествуваат во изборот, рече Колевски.

Од самиот избор, како што истакна, може да се види дека голем број од членовите дадоа предност на кандидатите кои имаат поголем стаж како јавни обвинители во јавните обвинителства но, како што додаде Колевски,  само еден кандидат не помина токму поради овој принип по Бадинтер, односно не доби мнозинство гласови од заедниците кои не се мнозинство.

Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска на денешната седница на Советот на јавни обвинители беа избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Советот за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.