НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи во Приштина: Единствена алтернатива за регионот е членството во НАТО и ЕУ

0
By Нова ТВ on April 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја започна посетата на Косово со средба со  заменик-премиерката и министер за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала-Шварц. Притоа, беа реафирмирани исклучително добрите односи меѓу Северна Македонија и Косово, како и подготвеноста на двете страни за натамошно градење на блиско и трајно пријателство, во интерес на граѓаните на двете земји, но и како „добар пример за регионот кој сè уште е соочен со бројни предизвици“, истакна министерот Османи.

Се разговараше за конкретни теми поврзани со билатерална соработка, со фокус врз економијата и можностите за засилено инфраструктурно поврзување.

„Косово и Северна Македонија имаат исклучително динамична трговска размена, но истовремено постојат и огромни потенцијали за зајакнување во делот на економијата, за што секако е потребна и инфраструктурна поддршка“, порача Османи. Осврт беше направен на соработката во ресорите образование и наука, култура, здравство и др.

Во рамките на насоченоста кон градење отворен дијалог со сите земји од регионот, на Османи ја пренесе поддршката на Северна Македонија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, како најдобар начин за надминување на разликите и изнаоѓање на трајно решение меѓу двете земји, во интерес на граѓаните и регионот како целина.

„Нашата заедничка амбиција, за полноправно членство на сите шест земји од Западниот Балкан, преставува единствената алтернатива која обезбедува долгорочна стабилност и просперитет“, заклучи Османи.

Дипломатските активности на Османи во Приштина продолжуваат со негови средби со претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, претседателот на парламентот, Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.