НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Се намалува бројот на нови случаи, попушта притисокот врз болниците

0
By Нова ТВ on April 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Процесот на имунизација против Ковид-19 на територијата на целата држава се одвива добро. Апелирам уште еднаш граѓаните да се пријават за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk. Околу 150 илјади граѓани во овој момент се пријавени и тоа ќе биде начинот на кој ќе го продолжиме процесот на имунизација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека во сите пунктови од вакцината на „Астра Зенека“ останати се околу 5000 дози и како дополнување на тоа околу 5000 дози од количината од вакцината на „Фајзер“ која веќе пристигна во земјата, ќе бидат дистрибуирани како надополнување за да се одвива процесот на вакцинација во следниот период. Со оваа количина денеска и некоја количина од 150 до 200 дози, појасни, практично целосно се искористува вакцината на „Спутник“.

– Околу половина од количините 1000 се искористени од вакцината на „Синофарм“ која стигна како донација од Обединетите Арапски Емирати. Добивме листа од компанијата „Фајзер“ со која ни беше презентиран распоредот со кој ќе стигнуваат останатите количини во мај. Секој понеделник меѓу 5000 и 7000 вакцини, околу 26 000 се предвидени да стигнат во текот на целокупниот месец и тоа ќе биде една количина која ќе испланираме како ќе биде дистрибуирана ширум државата, рече Филипче.

Тој потенцира дека со целокупната количина од 200 000 дози на вакцината „Синофарм“ која треба да стигне околу 28 април, а за што е подготвен планот и дистрибуицијата согласно бројот на пријавени граѓани на сајтот vakcinacija.mk , која веднаш по пристигнувањето, а тоа ќе се преклопи со велигденските празници, ќе биде дистрибуирана ширум државата.

– Вакцинацијата со таа вакцина ќе почне во вторник непосредно по завршување на велигденските празници. Дотогаш сите спортски и училишни сали во сите шест градови ќе бидат подготвени. Салата во Охрид е веќе подготвена. До понеделник односно вторник и сите останати во останатите градови во Штип, во Куманово, во Битола, во Тетово и во Кавадарци ќе бидат спремни и опремени и со потребните фрижидери и опрема и со кадар од соодветните здравствени домови за да вакцинацијата започне согласно распоредот, истакна Филипче во салата „Борис Трајковски“ каде денеска како дел од вработените во критичната инфраструктура се вакцинираат пратениците во Собранието и дел од стручните служби кои не се вакцинираа претходниот пат.

– Ќе ја примат вакцината на „Спутник“ и денеска во три групи е организиран процесот на вакцинација и паралелно на сето тоа во салата „Борис Трајковски“ се одвива вакцинацијата и на постарите граѓани над 73 години, додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека нивниот став е дека согласно возраста ќе се вакцинираат сите кои се пријавени.

– Знаат и членовите на здруженијата со оглед на тоа што имаат огромна бројка на граѓани кои имаат хронични болести и нашиот став е дека ќе одиме според возраста, односно како ќе стигне големата количина на вакцини. Затоа апелирам и да се пријават согласно пријавувањето ќе се вакцинираат практично после велигденските празници кога ќе стигне оваа значајна голема количина од вакцината на „Синофарм“, посочи Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа со која вакцина да се вакцинираат граѓаните со алергии рече дека во мај на располагање во пунктовите насекаде во државата ќе има повеќе вакцини.

– Засега нема ниту една контраиндикација за ниту една група на граѓани, освен за граѓаните помлади од 60 години за вакцината на Астра Зенека, тоа е нешто што веќе го објавивме и нема друга контраиндикација за ниту една здравствена состојба. Меѓутоа, и пунктовите се така организирани да граѓаните се пречекани од здравствени работници коишто земаат анамнеза и разговараат за здравствената состојба. Значи нека никаква контраиндикација за некаква претходна состојба за која било вакцина која што очекуваме да стигне во нашата земја. Но, може да се поразговара, лекарите се токму за тоа тука, потенцира Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.