НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Граѓаните со оценка – Јанчев, Таравари и Димитриевски најдобри градоначалници

0
By Нова ТВ on April 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси половина од граѓаните сметаат дека нивниот градоначалник не заслужува да биде реизбран. Ваквата оценка е различна кај Македонците каде само 37,9 проценти даваат поддршка за реизбор, а 57 отсто од Албанците би му дале втора шанса.

Граѓаните се поделени во довербата за општините во кои живеат. Малку над половината (50,6%) имаат доверба за разлика од 47,5% кои немаат. Етничките Албанци (74,3%) и припадниците на другите заедници (59,1%) имаат поголема доверба во општините во кои живеат отколку етничките Македонци (41,3%). Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“. Овде се презентирани резултатите од делот за локалните избори.

Симпатизерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат дијаметрално спротивни ставови за реизборот на градоначалниците. Имено, 81,8% од тие на СДСМ сметаат дека заслужуваат додека 87,0% од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека не заслужуваат да бидат реизбрани.

Тројцата најдобри градоначалници се: Митко Јанчев (Кавадарци), Арбен Таравари (Гостивар) и Максим Димитриевски (Куманово). За нив се изјасниле 10,5%, 7,5% односно 6,8% од испитаниците. Етничката припадност и афинитетите кон одредена политичка партија влијаеле на одговорите. За вкупно 44 градоначалници се изјасниле помалку од 1%, додека 14 градоначалници воопшто не се спомнати од испитаниците.

Прашани за која политичка партија ќе гласаат на локалните избори, 22,4% од граѓаните рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6% за СДСМ. Поддршката за ДУИ и Алијанса за Албанците е 8,0% односно 6,2%, а за Левица 5,2%. Вкупно една третина од граѓаните или 34,0% е неизвесно за кого ќе гласаат на седмите локални избори во Македонија. Од нив, 15,2% рекле дека нема да излезат на гласање, а 15,9% рекле дека не знаат или одбиле да одговорат. Најмладите се најбројни меѓу оние за кои е неизвесно за кого ќе гласаат и изнесуваат 37,3%.

За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 17 до 24 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.