НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Близу 20.000 жени добија пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита во отворената ординација

0
By Нова ТВ on April 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во новоотворената гинеколошка ординација во населбата Шутот Оризари пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита ќе добијат близу 20 илјади жени коишто живеат во оваа населба, истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска  ја посети Поликлиниката во Шуто Оризари по повод отворање на ординација на матичен гинеколог.

-Денеска можеме да одбележиме еден навистина значаен настан, нешто што ќе значи многу полесен пристап кон здравствена заштита, секако подигање на квалитетот, тоа е отворањето на гинеколошка ординација во населбата Шуто Оризари. Со ова на близу 20 илјади жени коишто живеат во оваа населба ќе им се овозможи пристап до гинеколошка здравствена заштита, рана дијагноза на одредени болести, редовни прегледи и се тоа што значи квалитетна здравствен услуга во делот на специјалноста, вели Филипче.  

Тој подвлече дека со сериозни напори во изминатите неколку месеци од страна на Министерството за здравство е набавена посебна специјалистичка опрема во вредност од близу 30 илјади евра со што оваа гинеколошка ординација е целосно опремена според најсовремените стандарди со посебен стол, одредени апарати во делот на колпоскопија и со најсовремен ЕХО апарат.

Во досегашниот период, додаде тој,  граѓанските организации коишто се тука активни им помагале на жените во регионот во делот на советувањето и упатувањето кон соодветни специјалисти, во други здравствени установи. Гинекологот кој го нашле се согласил да регистрира своја ПЗУ и практично овде да ја оформи својата ординација заедно со медицинската сестра која  е од ова населба.  

-Сметам дека ова заедно со тоа што следи во следните 10-ина до 14 дена а тоа е да уште една поликлиника која што веќе го зема под закуп просторот за матични лекари, имаше шест неуспешни обиди, и овој седмиот една поликлиника се пријави и ќе има два дополнителни тимови кои ќе бидат матични лекари и кои ќе може да им бидат на располагање на сите жители од оваа населба. Значи се заокружува еден сериозен процес на олеснување на пристапот кон здравствена заштита на сите жители кои живеат во оваа населба, рече Филипче.

Тој се заблагодари на помошта од германската амбасадорка и Амбасадата кои во неколку наврати донирале заштитна опрема, на Амбасадата на Кина која донирала медицинска опрема, а целосно се реконструирал и покривот со што оваа здравствена поликлиника која функционира во рамките на Здравствениот дом Скопје почнува, вели, да ги има сите сегменти во делот на примарна здравствена  заштита.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.