НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Европската перспектива на Западен Балкан – гарант за долгорочна стабилност и просперитет

0
By Нова ТВ on April 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари одвоени средби со претседателката, на Косово Вјоса Османи-Садриу и претседателот на Парламентот, Глаук Коњуфца, за време на неговата посета на земјата.

На средбите, како што соопшти МНР, се разговараше за иднината на регионот со фокус на регионалната соработка, при што Османи ја реафирмираше пораката дека евро-атлантската перспектива и интеграцијата на целиот регион останува недвосмислена определба на двете држави.

-Наша заедничка амбиција е целосна интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во Европската Унија. Во оваа насока, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ, подготвени сме да ги ставиме нашите стекнати знаења и искуства на располагање на нашите пријатели во Косово, нагласи Османи.

Шефот на дипломатијата додаде дека без оглед на предизвиците со кои се соочува, а согласно својот демократски и реформски исчекор, Северна Македонија за време на португалското претседавање со Советот на ЕУ, очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, што, како што рече, ќе означи и почеток на формалниот процес на преговори.

-Северна Македонија очекува што поскоро формирање на Владата на соседна Бугарија, по што би се продолжило со заокружување на акцискиот план за соработка, а со тоа и зајакнување на билатералните односи и довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија, порача Османи.

Меѓу другото, за време на средбите начелно се разговараше и за парламентарната соработка и учеството на припадници на Армијата на Северна Македонија во рамките на мисијата на КФОР во Косово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.