НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ландсбергис до Димитров: Ќе бидам многу среќен кога ќе ве видам како членка на ЕУ

0
By Нова ТВ on April 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија е дефинитивно земјата за чие членство во ЕУ очекуваме целосна поддршка и ги разбираме предизвиците што треба да се решат. Знаеме дека ви треба многуслојна поддршка и се надевам дека и нашата поддршка ќе биде од помош, истакна министерот за надворешни работи на Литванија Габриелиус Ландсбергис на прес-конференцијата по денешната средба во Вилнус со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, со која тој ја заокружи дводневната посета на двете балтички земји кои се дел од групата „Пријатели на проширувањето“.

– Северна Македонија е дефинитивно земјата за која очекуваме целосна поддршка за нејзиното членство и ги разбираме предизвиците што треба да се решат. Имаме неколку точки што треба да ги подвлечеме. Прво и најважно, Литванија го изоди патот кон целосна интеграција, доби различна поддршка од различни земји, од соседите Полска, други земји, и секако поддршката во спроведувањето на неопходните реформи кои се дел од помошта и поддршката на вашиот пат кон членството во ЕУ. Ние исто така разбираме дека вие сте една од оние земји што ги доживуваат културните разлики затоа што сте срцето на една цивилизација и знаеме дека ви треба многуслојна поддршка. И, се надевам дека и нашата поддршка ќе биде од помош, исто така уште еднаш сакам да му повторам на г. Димитров, ќе бидам многу среќен кога ќе ве видам како членка на ЕУ, изјави Ландсбергис.

Од своја страна Димитров изрази благодарност за поддршката од Вилнус и додаде дека Северна Македонија има многу што да научи од литванското искуство, бидејќи колку години Литванија е членка на ЕУ, скоро толку Северна Македонија е во чекалната. Тој потсети дека ние сме земја кандидатка од 2005 година, а Литванија ѝ се приклучи на ЕУ во 2004 година, а укажа и на големата препрека за нас – спорот за името кој го имавме со Грција, и кој го решивме со Преспанскиот договор.

– Јас бев овде пред 21 година кога ја потпишав Изјавата во Вилнус и тогаш стратешки ја исцртавме иднината на нашиот континент. Сите сакаме да се приклучиме на НАТО и на ЕУ за Европа да биде слободна цела и безбедна. Оттогаш дотуркавме далеку. Претставувам земја која е најмладата членка на НАТО. Само што ја одбележавме првата годишнина. Би сакале да бидеме корисен сојузник, ќе се потрудиме да бидеме сигурен партнер и мојата клучна порака овде е поддржете нѐ да го започнеме европското патување оваа година бидејќи критично ни треба напредок на Балканот, изјави Димитров на прес-конференцијата.

– Двајцата заклучивме дека сме земји кои имаат исти стремежи, сакаме свет кој се заснова на правила, не сме импресионирани кога границите се менуваат со сила или има обиди во таква насока, додаде Диитров.

Како што соопшти СЕП, Димитров на средбата се осврна на блиската соработка со Литванија воспоставена преку Вилнус групата уште од 2000 година, како платформа за поддршка на процесот на пристапување кон НАТО врз основа на принципот на солидарност, што се заокружи со влезот на Северна Македонија во Алијансата.

Главниот фокус на средбата беше ставен на заокружување и на втората стратешка цел, отпочнување на евроинтегративниот процес кој дополнително ќе ја зајакне безбедноста, но и демократизацијата на нашиот регион.

Димитров потенцираше дека Европа не може да биде комплетирана без интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ, бидејќи најважен предуслов во таа насока се стабилни и фер институции и владеење на правото што пак, се главни императиви на пристапниот процес.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.