НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддршка за ЕУ перспективата на С.Македонија, Австрија се нуди да посредува меѓу Скопје и Софија

0
By Нова ТВ on April 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поддршка за евроинтеграциските процеси на нашата земја во текот на вчерашниот ден беа изразени на средбата на претседателот на Владата, Зоран Заев со евроамасадорот Дејвид Гир и при телефонскиот разговор со шведскиот премиер Стефан Левен, на средбите на вицепремиерот Никола Димитров со неговите домаќини во Литванија, како и од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас. Во исто време, австрискиот министер за надворешни работи во Александер Шаленберг во интервју за МИА повика Северна Македонија и Бугарија да го решат меѓусебниот спор на билатерално ниво, но нагласи и дека Австрија им стои на располагање доколку им е потребен посредник.

Премиерот Зоран Заев вчера имаше средба со амбасадорот и шеф на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир на која била изразена поддршка за развојните и интеграциските процеси на нашата земја, со фокус кон натамошен напредок во реформските процеси и на политиките на дијалог во насока на граѓанските интереси и на државните стратешки цели. Посебен акцент во разговорите е ставен на активностите што се преземаат за неселективна борба против криминалот и корупцијата, на владеењето на правото, за ефикасно правосудство, слобода на медиумите, функционалност на институциите.

Европската песрпектива на земјава беше тема и на вчерашниот телефонски разговор на премиерот Зоран Заев со неговиот шведски коелга Стефан Левен, при што станало збор и за актуелната политичка и економска состојба во Република Северна Македонија, како и мерките за справувањето со пандемијата и процесот на вакцинација.

Премиерот Заев му се заблагодари на Левен за поддршката на Шведска за земјава на нејзиниот европски пат, како и за одличните билатерални односи меѓу двете земји.

– Во однос на блокадата од страна на Бугарија, премиерот Заев го информираше својот шведски колега дека е во исчекување на формирање на новата бугарска влада, со цел да продолжи дијалогот и дека решенијата за отворените прашања ќе се најдат во рамките на Договорот за пријателство и добрососедство, кој е основа и за поинтензивна соработка меѓу двете земји, информира владината Прес-служба.

Во исто време, на средбата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со премиерката на Литванија, Ингрида Шимоните е оценето дека секое понатамошно неефектуирање на европската перспектива на регионот и неизвесноста на намерите на ЕУ, создава вакуум кој што може да биде пополнет од други глобални актери и ја поткопува улогата на Унијата на меѓународната сцена, со што добива и безбедносни димензии.

Двајцата соговрници се согласиле дека прашањето за отпочнување на преговорите на Северна Македонија за полноправно членство во ЕУ има силни регионални реперкусии и геополитички импликации, при што Шимоните потенцирала дека Литванија ќе продолжи активно да ја поддржува европската перспектива на земјава.

– Процесот на проширување има и изразена безбедносна димензија – безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан се интегрално поврзани со безбедноста и стабилноста на ЕУ и целиот европски континент, изјави Димитров во разговорот.

По средбата со Димитров, литаванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис оцени дека Северна Македонија е дефинитивно земјата за чие членство во ЕУ очекува целосна поддршка и ги разбира предизвиците што треба да се решат.

– Знаеме дека ви треба многуслојна поддршка и се надевам дека и нашата поддршка ќе биде од помош, изјави Ландсбергис.

Ландсбергис на средбата со Димитров, како што соопшти СЕП, го потврди одлучниот став на Литванија за продолжување со континуираната и видлива поддршка на нашата европска интеграција.

Поддршка за европската перпскетива беше изрзаена и на средбите на вицепремиерот Димитров со претседателката на литванскиот Парламент и претседателка на Комисијата за европски прашања, Радвиле Моркунаите-Микулениене и со претстедавачот со Комитетот за надворешни работи, Жигимантас Павилионис.

Поддршката од Вилнус се надоврза на пораките што Димитров ги доби во четвртокот во Рига на средбите со летонскиот министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевичс и со пратеници во Парламентот на Летонија, кои оценија дека секое натамошно одложување на пристапните преговори со С Македонија испраќа деморализирачки сигнал до земјите од Западниот Балкан, до сите оние кои решително ги спроведуваат демократските реформи со крајна цел влез во ЕУ.

Европската перспектива на земјава, но и на регионот во целина беше тема и на разговорирте на министерот за надворешни работи, Бујар Османи со неговите домаќини во Приштина, за време на неговата официјалната посета на Косово.

– Наша заедничка амбиција е целосна интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во Европската Унија. Во оваа насока, како земја членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ, подготвени сме да ги ставиме нашите стекнати знаења и искуства на располагање на нашите пријатели во Косово. Европската интеграција значи пред сè институционален и економски напредок, но уште повеќе, во својата суштина таа носи пријателство, солидарност и сигурност – вредности кои значат траен и долгорочен мир, стабилност и соодветно на тоа севкупен напредок како најзначајна потреба на нашите граѓани, нагласи Османи.

Подршка за европската перспектива на Западниот Балкан, а со тоа и на Северна Македонија, изрази и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата со неговиот црногорски колега Ѓорѓе Радуловиќ, при тоа изразувајќи загриженост што земји од регионот се обидуваат да наметнат различни агенди, што не се европски и пријателски.

Дендиас уште еднаш ја изрази поддршката за европската перспектива на регионот и додаде дека „Европската Унија треба да испрати јасна порака во оваа насока“, нешто што тој лично ќе го истакне на следниот состанокот на Советот за надворешни прашања кога Западен Балкан ќе биде на дневен ред.

– Ние во Грција, Западен Балкан го сметаме за регион од непосреден интерес, како регион во кој има многу наши пријателски земји. Да ви кажам дека сме загрижени кога гледаме други земји во нашиот регион со различни агенди што не се европски и пријателски агенди, агенди кои се обидуваат да го узурпираат нивното присуство во овие земји, обидувајќи се да оживеат империи и величина од минатото. Веруваме дека ова не е начинот што ќе го одведе нашиот регион во иднината. Она што ќе го одведе Западен Балкан, Балканот, сите нас во 21 век се европската перспектива, европските вредности, разбирањето и добрососедството, рече Дендиас. 

Шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг, пак, во интервју за МИА изјави дека бил длабоко разочаран од неможноста да започнат пристапните преговори со Северна Македонија.

– Билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени од овој процес. Ќе видиме како и кога ќе може да се формира нова влада во Бугарија. Кога и да се случи, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо, изјави Шаленберг.

Според него, важно е да се најде решение на билатерално ниво помеѓу Бугарија и Северна Македонија без да се воведуваат овие прашања во процесот на проширување, а дали е потребно посредништво од трета страна, тоа двете земји самите треба да го просудат.

– Доколку дојдат до таков заклучок, Австрија е секогаш подготвена да ги понуди своите капацитети, посочува Шаленберг.

Пораката од Шаленберг дојде на вториот ден 13-та средба на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, што се одржа претходниве два дена во онлајн формат и која во најголем дел се водеше за пристапот и формата на препораките за учебниците, при што останаа големите разлики во пристапот и погледите како да се формулираат препораките за учебниците по историја за седмо одделение.

– Од македонска страна беа предложени неколку идеи како да се надминат точките во учебниците кои имаат потенцијал да ја политизираат историјата и со тоа да поттикнуваат нови или ги одржуваат во живот политичките спорови, информира македонскиот тим во Комисијата, додавајќи и дека поради долгата и исцрпна дискусија за учебниците, темата за заедничко чествување на Гоце Делчев не била воопшто дискутирана на средбата.

Во текот на средбата двете страни успеаја да го усогласат записникот од 11. средба, а беше договорена и средба на која ќе се усвои и Вториот годишен извештај, кој е неопходен за да се одржи меѓувладината конференција. Следната редовна средба на Комисијата ќе се одржи на 10 и 11 јуни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.