НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Пауновски, ДПИ и сите 237 институции имаа детален увид во Планот за распределба

0
By Нова ТВ on April 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Преземањето на административните службеници се врши преку распоредување на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација во институцијата во која се распоредува или се презема, се вели во соопштението од Владата на Република Северна Македонија.

Од таму истакнуваат дека сите институции имаа целосен и детален увид во планот за распределба кој содржи податоци за сите вработени кои треба да бидат преземени и распоредени, податоци за нивото на работното место на тековното вработување, податоци за стекнатото образование, како и називот на институцијата во која се презема вработениот. Според планот, ДПИ треба да преземе 32 вработени, од кои 29 на работно место помлад соработник и тројца на работно место помлад референт.

– При изготвувањето на Планот, Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците го имаше предвид фактот дека видот на образование на вработениот кој се презема треба да биде соодветен на надлежноста на институција во која се презема, односно да ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува, односно се презема објаснуваат од владината прес служба од каде додаваат дека ќленот 12 ги утврдува условите за инспектор и определува дека инспекторот треба да има завршено образование од соодветната област што се докажува со уверение.

Од владата додаваат и дека директорот на  Државниот пазарен инспекторат беше писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не ја почитува законската обврска, односно дека во законскиот рок не го прилагодил актот за систематизација на работни места во оваа институција што е дел од постапката за мобилност преку преземање на дел од нераспоредените административни службеници.

– Со процесот на распределба се решава децениски проблем, а преземањето на вработените нема финансиски импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија, од причина што станува збор за вработени за кои веќе се обезбедени финансиски средства. Почитувањето на законите и утврдните постапки врз основа на законските одредби се темел на кој се заснова политиката на оваа влада. Тоа е обврска за сите што се дел од институциите, особено за носителите на одговорни раководни функции, се вели во реакцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.