НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деновиве ќе се одлучува за евентуални нови мерки за велигденските празници

0
By Нова ТВ on April 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Епидемиолошка состојба со Ковид-19 се очекува наредните денови да биде анализирана од Комисијата за заразни болести, по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници.

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април.

Според министерот за здравство Венко Филипче, иако состојбата со Ковид-19 се стабилизира мора да останеме максимално внимателни. Граѓаните треба максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно треба да бидат внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик.

– Вакцината е најдобриот начин за борба против пандемијата. Секој од нас треба да учествува во таа битка. Само така ќе може да му се вратиме на нормалното живеење, на блискоста со драгите луѓе, на дружбите со пријателите. Пријавете заинтересираност за вакцинација на vakcinacija.mk , објави вчера министерот Филипче на својот фејсбук профил.

Вакцинацијата во државава се одвива добро. Досега се вакцинирани 44 974 граѓани, а за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk се пријавени 192 459 граѓани. Се очекува имунизацијата поинтензивно да продолжи да се спроведува по велигденските празници.

Министерот Филипче во петокот изјави дека 200 000 дози од вакцината „Синофарм“ треба да пристигнат околу 28 април.

– Добивме листа од компанијата „Фајзер“ со која ни беше презентиран распоредот со кој ќе стигнуваат останатите количини во мај. Секој понеделник меѓу 5.000 и 7.000 вакцини, околу 26.000 се предвидени да стигнат во текот на целокупниот месец и тоа ќе биде една количина која ќе испланираме како ќе биде дистрибуирана ширум државата, истакна Филипче.

Шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг, чија земја е координатор на ЕУ за испорака на вакцини за Западен Балкан во интервју за МИА истакна дека за регионот се обезбедени 651.000 дози од вакцината на Бионтек/Фајзер, а пред неколку дена биле склучени договорите со сите шест партнери од Западниот Балкан. Од оваа количина во Северна Македонија ќе бидат испорачани 119.000 дози во неколку транши почнувајќи од мај до крајот на август.

-Австрија однапред ќе ги финансира вакцините. Земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, ќе бидат финансирани преку средства од ИПА II што Европската комисија ги одобри при крајот на декември минатата година. Така, сите 119 000 дози за Северна Македонија ќе претставуваат донација од страна на Европската унија и нејзините земји-членки, истакна Шаленберг.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 564 случаи со Ковид-19, 22 починати и 1 357 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 17.128, од кои 7737 се во Скопје.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1.528 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 596 пациенти во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.