Пратениците од опозициската ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија денешната 39. собраниска седница на чиј дневен ред како последна точка беше поставена интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тие соопштија дека нема да присуствува на гласањето, а најавија интерпелација за спикерот Талат Џафери.
„Ќе поднесеме интерпелација за вас г-не Џафери. Ја замолчивте опозицијата, не дозволивте да разговараме за интерпелација на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ. Затоа сега ќе ја напуштиме седницата“, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
На ова собранискиот спикер Талат Џафери рече дека самите си се виновни за истеккувањето на рокот на двете претходни интерпелации, и дека ќе ја дочека неговата интерпелација со задоволство.