Германската компанија „Гересхајмер“ денеска отвара фабрика во земјава во која ќе се произведува медицинско стакло за фармацевтската и здравствената индустрија. Ова е првиот инвестиционен сиклус на компанијата кој започна во 2019 година и ќе трае пет години.
На свеченото отворање според најавите ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за здравство и за економија, Венко Филипче и Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Премиерот Зоран Заев вчера соопшти дека во разговори со претставниците на компанијата бил договорен и втор инвестиционен циклус кој според информациите би бил и најголем во земјава до сега.